Црн петок во Струмица - Две момчиња мртви покрај патот во близина на Габрово

14 Април 2017

Две момчиња на возраст околу 17-18 години се пронајдени мртви покрај патот Габрово - Банско.

Според неофицијални информации, двете момчиња од Бориево, синоќа излегле со моторцикл и се движеле во околината, но доцна во ноќта семејствата се загрижиле бидејќи сеуште не се вратиле во своите домови, по што почнала потрага по нив.

Нивни роднини денеска напладне ги пронашле мртви покрај патот Габрово - Банско, веднаш била повикана полицијата. Полицијата сеуште врши увид за причината на смртта на двете момчиња.

Повеќе информации подоцна...