Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.
„Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев“ - се вели во соопштението од МРТ.
Струмичанецот Васил Гарванлиев минатата година беше избран за наш претставник на Евровизија, но за жал настанот не се одржа поради пандемијата со коронавирусот.
Годинешниот избор за најдобра песна се предвидува да се одржи со две полуфинални вечери на 18 и 20 мај и една финална вечер на 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.
Веста на социјалните мрежи ја потврди и самиот Васил:
„Во животот ретко добиваме не една, туку ТРИ шанси за исполнување на нашиот сон. Во 2019 година, гордо стоев покрај Тамара, во 2020 година посветив се на песната „YOU“ – но ковид-19 рече не! Во 2021 година ќе го искористам моето лично искуство и приказна, ќе го ставам моето срце во вашите раце преку мојот глас“ - напиша Васил.
.
.
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...
Фев 25, 2021 Вести
Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...