Иван Кукиќ ја сними својата прва авторска песна, роденденски и на свој начин со нова видео приказна на YouTube

Понеделник, 28 Јуни 2021

Младиот музичар од Струмица, веќе познат на балканската естрада, Иван Кукиќ, денеска на својот 24-ти роденден ја објави својата прва авторска песна насловена „Без компас“.

Иако Иван има снимено и настапувано на повеќе музички изведби, преработено неколку традиционални македонски, но и песни од регионот, „Без компас“ е неговото првенче. Се јавува како комплетен автор, музика, текст, аранжман, вокал, но и главен лик во видео приказната под режисерката палка на Ѓорги Вацев.

Вистински момент за вистинска приказна на свој начин со Иван Кукиќ во време на масовна вакцинација, за нова инспирација. Иван е горд на ова прво авторско дело и видео спот на кој му се придружија голем број негови пријатели, колеги. Во песната со свој монолог се јавува и познатиот лик од К-15, Тошо Малерот, актерот Васко Тодоров.

Во видео приказната глумат: Стојне Карадакоски, Љубомир Митровски, Миле Манасиев, Тоше Костадинов, Петар Колев, Игор Илиев, Наце Ристоманов, Александра Бенет, Наташа Стојановска, Јовче Пандев, Марија Зимбаковска, Невена Стојкова, Вероника Поповска, Горан Алиќ, Иван Георгиев, Зоран Кукиќ, Душко Манушев, Марјан Стоилов, Ване Панов, Ѓорги Ѓоргиев и Зоран Трендов, а видео спотот е снимен во Струмица, дел во поранешната касарна во февруари годинава, во TNT Rock Caffe Strumica, Scena 112 и Potfat MC.

Как ќее саа таа работа? Погледнете го видеото оти СЕ Е БЕЗ КОМПАС, БЕЗ КОМПАС Е СЕ!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...

Струмичките пожарникари подновени, си добија нови униформи за Денот на пожарникарството

Струмичките пожарникари подновени, си добија нови униформи з…

Мај 20, 2022 Вести

На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Комерцијалист

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Комерцијалист

Мај 20, 2022 Веб Билборд

Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...

Самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова во Солун, Грција

Самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова во Со…

Мај 20, 2022 Вести

Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...