Денеска, на последниот ден од септември, православните христијани ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.
На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.
Четирите светици уживаат голем култ и голема почит кај македонскиот народ. На денешниот ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Кај нашиот народ е познато заколнувањето во вера, надеж и љубов. Четирите светици биле личности за кои христијанството тврди дека постоеле и во чија слава го одбележуваме денешниот празник.
Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.
Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Вера тогаш имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.
По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.
Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третиот ден ја земал и ја однел во рајот кај нејзините деца.
Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...