На иницијатива и во организација на Координативното тело на музичките здруженија од цела Македонија на 28 Септември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа прво основачко Собрание за формирање на КОМОРА НА МУЗИЧАРИ И МУЗИЧКИ ДЕЈНОСТИ на Македонија.
На Собранието учествуваа 52 претставници на правни субјекти од областа музиката и музичката индустрија во својство на делегати меѓу кои беа голем дел од истакнати уметници, позначајни музички здруженија, продукции, диџеи...
Ова Собрание е од големо значение и прв обид на оваа стопанска гранка во поновата историја на Македонија, за организирање на музичарите и музичките дејности на највисоко институционално ниво.
„Со основањето на оваа Комора се надеваме дека ќе го регулираме и подигнеме нивото на нашата професија - музиката од која ќе има бенефит целата држава и генерациите кои доаѓаат“ – велат од Координативното тело.
Собранието го водеше работно претседателство чиј претседавач беше Венко Пашовски - претседател на здружение Охридски Музички Еснаф.
Според законски утврдениот дневен ред едногласно беше прифатен предлог Статутот на комората и беа избрани извршните органи и тоа: Управен одбор составен од 9 членови и Надзорен одбор составен од тројца членови.
За прв претседател на Комората едногласно беше избран Горјан Стојановски.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...