Утрово во болницата во Лудвигзбург, Германија по долго боледување почина македонската фолк ѕвезда, струмичанецот Васил Атанасов, пејачот кој ги испеа најдобрите македонски новосоздадени песни меѓу кои и безвременскиот фолк хит од Фолк Фест „Валандово 1993“ - „Кој не раздели“.
Васил Атанасов потекнува од струмичкото село Дабиле. По завршувањето на средното музичко училиште во Штип беше член на повеќе музички групи. Во меѓувреме работел и како наставник по музичко во повеќе основни училишта, а неговите ученици го паметат како „распеаниот наставник“.
Васил во 1995 година ја напушта Струмица и Македонија и заминува во Германија, каде работеше и живееше до неговата смрт, која настанала утрово во 05:00 часот во болницата во градот Лудвигзбург.
Васил редовно настапуваше на музичкиот фестивал на новосоздадени песни Фолк Фест „Валандово“, а во 1993 година со песната „Кој не раздели“ ја освои втората награда од публиката... Следната година песната беше прогласена за најслушана помеѓу два фестивали, која и денес е една од познатите фолк хитови од деведесеттите години.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...