Новогодишен базар ќе го разубавува плоштадот во Струмица. По примерот на светските метрополи, во срцето на градот се организира „Новогодишен базар Струмица 2022“, кој треба да ја донесе празничната магија и да ја збогати новогодишната понуда во градот.
Локална граѓанска иницијатива спроведена од неколку ентузијастички настроени млади лица со идејата да се организира креативен настан преточен во форма на мини базар со дрвени куќички и голема елка во средината, кои симболично, преку поврзување на повеќе брендови, уметници и изведувачи од Струмица, ја промовираат потребата од поголема соработка и сплотеност помеѓу сите нас.
Позитивни вибрации во форма на музички и мирисни ноти ќе се шират во духот на празниците преку богатата понуда на вкусна храна и пијалаци по сечиј вкус, креативни украси и ракотворби за најубавите празнични подароци и квалитетна музичка програма за сите генерации.
Овој несекојдневен празничен хепенинг кој е поддржан и од страна на градоначалникот на општина Струмица и локалната самоуправа започнува на 24 декември 2021 и ќе трае се до 8 јануари 2022 година.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...