Горан и Ленче направија музичка „експлозија“ среде Струмица, силниот Горан на крајот заплака

Сабота, 13 Октомври 2018

Двапати се враќаа на бис и пееја за струмичани кои со овации и силен аплауз не сакаа да ја напуштат големата сала на Центарот за култура по двочасовниот концерт на Ленче и Горан Кукиќ со „Јупитер“ и нивните пријатели.

Одличниот репертоар, патувањето низ повеќе музички жанрови со гостите од серијалот „Никогаш не е доцна“, концертот на фронтмените на „Јупитер“ долго ќе се памети и ќе се зборува за него.

По концертот зад сцена, понесен од емоциите и нераскинливата врска со публиката од која зрачеше почит и љубов кон музиката, силниот Горан пушти солзи.

Брачниот пар Кукиќ уште еднаш докажаа дека не залудно почнаа да ги барат од сите поранешни југословенски простори. Одржаа фантастичен концерт во кој доминираа нивните вокали испреплетено со голем музички оркестар, одлична сценографија и светлосни ефекти кои може да си дозволат само големите музички имиња.

Немаше песна, а да не беше испратена со овации и аплауз. Концертот го отвори маестро Горан по што му се придружи неговата понежна половина Ленче. Ги натераа присутните да станат и пејат кои уживаа во музичкото шоу. На сцена излегоа и нивните колеги од „Никад није касно“, Марко Жигмановиќ, Билјана Прокиќ, Мирзад Перваниќ – Мигос, гостите од Бугарија Иван Дјаков со ќерката Ивана, тука беа и Благица Калева, Снежана и Мирчо со „Интервали“ и маестро Горан Алачки.

Со одлично селектираниот репертоар Ленче и Горан и нивните пријатели ги задоволија вкусовите и на помладите и на повозрасните и на „фолкерите“ и на „забавњаците“.

Мислам дека приредија концерт кој долго ќе се памети. Дефинитивно вакви концерти и се потребни и на Струмица и на Македонија, каде со поинаков пристап може да се ужива и во македонската новокомпонирана песна, но и во песни кои се безвременски и хитови. Со се што беше понудено мислиме дека Ленче и Горан го донесоа шоуто „Никогаш не е доцна“ и во Струмица...“ - коментираа струмичани по концертот.

ФОТОГАЛЕРИЈА од концертот >>>

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...