Ексклузивно во AVON: Нова линија за нега на кожа MISSION

Понеделник, 22 Октомври 2018

Големото изненадување од AVON оваа есен ни доаѓа дури од далечниот Исток. Станува збор за луксузната колекција за нега на кожа Mission, која се состои од две одделни линии, наменети за различна возраст – Mission Y и Mission Eclat.

Оваа јапонска козметика со врвен квалитет, создадена според најновите истражувања и најнапредната технологија во проучувањето на кожата, во комбинација со најефикасните природни состојки, ни ги открива тајните на негата на јапонската жена, преку древните ритуали за нега на кожа.

Од страна на Зоналниот менаџер Елена Зетова, во соработка со дерматолог Магдалена Лукарова, во петокот во Хотел „Вила Парк“ во Струмица овие луксузни колекции беа претставени пред дел од најдобрите AVON претставници каде што истите имаа прилика и да ги пробаат преку соодвен јапонски ритуал.

Елена Зетова: Двете линии, наменети за возраст над 35 и над 45 години претставуваат баланс и хармонија меѓу науката и природата, за вистинска убавина и совршена комбинација од напредната технологија и прекрасните ефекти на природните состојки, што им дава максимална ефикасност на производите. Оригиналната јапонска колекција на производи за целосен ритуал за нега на кожата е сочинета од лесни формули кои брзо се впиваат и кои овозможуваат нанесување на производите според јапонскиот ритуал „слој врз слој“ за длабинска хидратација на кожата.

Напредните формули се збогатени со најдобрите, најчистите и најефикасните состојки корисни за кожата, за максимална ефективност на производите, дури и на чувствителната кожа. Како резултат на тоа, кожата е видливо помазна, помека на допир, еластична, со пополн изглед, а самото нанесување на производите претставува чисто задоволство.

Линијата Mission Y за 30+ содржи екстракт од ферментиран квасец богат со витамини, аминокиселини, минерали и органски киселини, кои ја подобруваат еластичноста на кожата, ја зајакнувааат нејзината природна бариера, го ревитализираат тенот и текстурата. Оваа комбинација на потхранувачки состојки, драматично го подобрува процесот на природно подмладување на површината на кожата. Составена е од 4 производи: нежна пена за чистење на лицето, лосион за интензивна хидратација, концентрирано млеко за лице и потхранувачки дневен/ноќен крем.

Линијата Mission Eclat за 45+ oвозможува видливо намалување на брчките пред да станат многу длабоки. Главните бенефити од користењето на оваа колекција се: длабинско навлажнување и моќна хидратација дури и на многу сувата кожа, се бори против уморниот изглед, грубата кожа, брчките и намалената густина на кожата и како резултат на тоа ефектот е еластична, подмладена кожа. Покрај невенот, како главна природна состојка која успешно се бори против забрзаното стареење и има антиоксидансно дејство, линијата е формулирана и со оригинален Mission ген-регулатор, т.н. микро РНК, кој го деактивира генетскиот материјал што влијае на забрзаното стареење на клетките, а истовремено го поттикнува создавањето на колаген, еластин и фибрин. Составена е од 5 производи: луксузна пена за чистење на лицето, лосион за интензивна хидратација, концентриран серум, напреден подмладувачки крем за околу очи и усни и подмладувачки дневен/ноќен крем.

Комплетните линии на Mission Y и Mission Eclat ќе бидат достапни за македонските дами веќе на почетокот на месец ноември преку Претставниците на AVON, со што и тие ќе можат да уживаат во ексклузивната нега која досега беше привилегија само на јапонските жени.

За подетални информации можете слободно да се обратите во регионалната АВОН канцеларија во Струмица, секој работен ден од 11:00 до 17:00 часот.

Комерцијална објава

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...