Македонија домаќин на Лајонс Европа Форум 2018

Среда, 24 Октомври 2018

Повеќе од 1000 Лајонси од Европа учествуваат на годинешниот Лајонс Европа Форум 2018 година, кој во наредните три дена ќе се одржува во Македонската Филхармонија во Скопје.

Добредојде на првите луѓе на свестската Лајонс организација им посака претседателот на организацискиот комитет, лајон Небојша Давидовски.

Две години интензивно работевме на организацијата на овој форум и сум горд што финиширавме со одлични резулатти. Македонија е мала држава и сме горди што го организираме овој настан“ - рече Давидовски.

На денешната прес конференција, генералниот секретар на Европа Форум 2018, лајон Звонимир Цветановски посочи дека учесниците се претставници на повеќе од 250.000 членови на оваа хуманитарна организација од Европа, делегати од 46 држави од светот.

Европа Форумот е годишен собир каде Лајонс членовите разменуваат идеи, проекти, програми и цели, придонесуваат за поуспешна соработка во своите хуманитарни активности. Нашето мото е „Ние служиме“. Македонија, како држава, веројатно поради сериозните активности, посветеност и придонес во развојот на Лајонизмот, оваа година е домаќин на Европа Форумот“ - рече Цветановски.

За гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, Соња Бојаџиева, организацијата на настанот претставува голем предизвик.

Навистина е чест и предизвик да се биде домаќин на повеќе од 1.000 Лајонси од Европа. Сите Лајонси од нашиот Дистрикт 132 се активни во организацијата, ги вклучивме сите знаења и можности и ја покажуваме нашата гостопримливост. Мотото на Форумот е „Свесност и емпатија“. Во Македонија имаме 46 Лајонс клубови, а првиот клуб „Скопје“ е основан во 1997 година“ - истакна Бојаџиева.

Гудрун Ингвадотир, претседател на светската Лајонс организација, на прес конференцијата во Скопје нагласи дека очекува многу од Македонија како домаќин и организатор на настанот.

Не се сомневам дека ќе биде еден незаборавен настан. Возбудливо е да се гледа како Македонија, една мала земја, презема огромна обврска за организирање на ваков настан, во кој ќе уживаме во пријателска атмосфера и размена на нови идеи. Горда сум да кажам дека има одлична бројност, балансирана родова припадност и многу нови млади членови. Лајонс Интернационал е свесен за сите проекти за млади и деца кои ги презема овој Дистрикт, проекти од Лајонс фондацијата за дијабетес и за рана детекција на проблеми со видот кај децата“ - рече Ингвадотир.

За Лајон Роза Крстевска, програмски директор на Европа Форум, настанот е поддржан од највисоките светски официри во Лајонизмот.

На настанот ќе се организираат повеќе од 60 тематски состаноци поврзани со слабоводноста и слепилото, деца со посебни потреби, за раната детекција кај децата за оштетување на видот, за свесноста и емпатијата кон лицата заболени од Алцхајмер, 55 години од земјотресот во Скопје, градот на солидарноста и тема поврзана со Мајка Тереза. Ќе се работат теми поврзани со младите и градење заеднички активности за нивно поттикнување и вклучување во лајонизмот“ - посочи Крстевска.

Лајонс Европа Форум се одржува во објектот на Македонска Филхармонија во Скопје од 25 до 27 октомври.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...