Македонското решение ASAP победник на глобалниот Бетапич инвестициски ден

Четврток, 22 Ноември 2018

Македонското решение ASAP на стартап компанијата Елевејт глобал (Elevate global) е меѓу победниците на инвестицискиот ден (BETAPITCH Global & Investors Day) на глобалниот стартап центар Бетахаус во Берлин, Германија. Компанијата Елевејт глобал освои парична награда од 5.000 евра за ова иновативно решение, кое претходно победи на првиот Betapitch настан во Македонија, кој се одржа во Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Елевејт глобал е спинофф компанија од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која креира решенија предиктивна и прескриптивна анализа на потоци од податоци во реално време (predictive and prescriptive analytics of data-streams in real-time). Решението насловено како ASAP е наменето за фабрики, енергетски компании и компании што нудат комуникациска инфраструктура. Во моментов, ова решение може да извлекува знаење преку брза анализа на сензорски, геолокациски и текстуални податоци.

Глобалниот Betapitch не е само да се биде на дел од светската старат сцена, туку да се презентира сработеното пред повеќе од 100 стартапи, 300 инвеститори, корпорации и професионалци од индустријата. Претставува добар почеток за отворање канцеларија на Елевате глобал во Берлин, кој во последно време е „главен град“ на стартапите во Европа“, вели Александар Стамболиев од „Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Локални партнери за Бетапич за Македонија се Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев. Бетахаус, преку локалните проекти Betapitch патува низ целиот свет, барајќи ги најиновативните стартап компании кои може да направат светски производ. Годинава, натпреварот се одржа во 15 различни града во светот а победниците се собраа во Берлин и се натпреваруваа за некоја од главните награди.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

УХМР: Нестабилно време со врнежи од дожд

Сеп 23, 2019 Вести

Денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На мест...

Изгоре куќа во селото Дражево

Изгоре куќа во селото Дражево

Сеп 22, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва околу 19:00 часот интервенирале во гасење пожар на запалена стара куќа во селото Драже...

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Горан и Ленче Кукиќ на „Самун ем татлија“ во Радовиш

Сеп 22, 2019 Вести

Од 11 до 13 октомври ќе се одржи уште еден гурмански викенд во Радовиш. Струмичаните Горан и Ленче со групата Јупитер ќе настапат на затворањето на ма...

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на струмичкото СДСМ

Се чистеше просторот кај спортските игралишта, Еко-акција на…

Сеп 22, 2019 Вести

Во организација на Општинската организација на СДСМ од Струмица денеска беше реализирана еко-акција за чистење на просторот помеѓу стадионот „Благој И...

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрватска и Португалија преку меѓународната размена „АгроМлади“ во Струмица

Млади од Македонија, Романија, Италија, Данска, Турција, Хрв…

Сеп 22, 2019 Вести

Од 14-ти септември до денеска, Струмица беше домаќин на третата меѓународна размена под име „АгроМлади - Трето издание“. Група од 35 млади од 7 европ...

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Приведен струмичанец откако нападнал двајца полицајци

Сеп 22, 2019 Вести

Синоќа во 01:15 часот полициски службеници од СВР Струмица го привеле 39-годишниот В.И. од село Добрејци, поради тоа што физички нападнал двајца полиц...

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Илија Караманов 2019“

Во Струмица се одржува првиот турнир во одбојка за жени „Или…

Сеп 21, 2019 Вести

Млади одбојкарки од Македонија, Словачка и Србија, денеска и утре учествуваат на првиот Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, ...

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во Македонската Филхармонија

Васил Гарванлиев со својот моќен глас ја занеми публиката во…

Сеп 21, 2019 Вести

Македонскиот баритон со светска кариера од Струмица, Васил Гарванлиев, кој почна да гради кариера и во водите на македонската поп музика, синоќа во Ма...