Ford Focus – избран за автомобил на годината и во Македонија

Вторник, 19 Февруари 2019

Комплетно новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска. Исто така, Focus е еден од седумте автомобили на кратката листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март.

Стручно жири, по 24-ти пат, ги вреднуваше, тестираше и бодираше автомобилите според различни критериуми и притоа, едногласно одлучи Focus да ја добие титулата Автомобил на годината 2019.

По анализата на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на Ford Focus. Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфорт и опременост. Победничкото возило Ford Focus доби 69 бодови од жирито, пред Citroen C5 Aircross со 67 и Kia Ceed модел што доби 66 бода“, стои во информацијата од Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ упатена до медиумите.

Наградата е освоена во конкуренција на финалистите: Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, VolvoXC40 и Opel Grandland X.

За нас, навистина, признанието е многу значајно и само ја потврдува моќноста и уникатниот дизајн на ова возило. Освен естетиката, Ford Focus нуди сериозно технолошко искуство за возачот и сериозно ниво на безбедност за сите патници. Драго ни е што Македонија се приклучува на долгата листа земји во кои нашиот модел се закити со оваа награда“, вели Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Треба да се напомене дека технолошкиот Ford Focus победи во 10 различни категории и во првите шест месеци по продажбата, до ноември минатата година, продаде над 45.000 возила во Европа. Станува збор за автомобил кој е направен од празен лист хартија и визионерски претворен во автомобил со револуционерен дизајн, комплетно ново подвозје со најдобри возни својства, врвни системи за безбедност, сигурност, економичност и удобност.

Новиот Focus се нуди во хечбек варијанта со пет врати и лимузински стил. Како дополнување на ST -Line се нудат и Focus Trend, Focus Titanium и Focus Vignale. Исто така, со нарачка е достапен и првиот спортски инспириран Focus Active кросовер. Испорачувајќи повеќе внатрешен простор, комбиниран со материјали од висок квалитет и занаетска изработка, новиот Focus нуди софистициран ранг на Ford технологии за помош на возачот, како што се адаптивна контрола на движење со Stop-Go и првиот дисплеј пред глава кој ќе биде понуден од Ford во Европа. На Focus, исто така, му е доделен максималниот рејтинг од 5 звезди за безбедност од независните EURO NCAP, согласно новите и најстроги протоколи за тестирање.

Комплетно новиот Ford Focus е достапен кај официјалниот дистрибутер Ми-Да Гранд Моторс и нивните овластени дилери.

Комерцијална објава

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...