Денеска е Велики Петок – најтешкиот ден во годината

Петок, 26 Април 2019

Православните верници го одбележуваат Велики петок, во знак на сеќавањето на денот кога Исус е распнат на крстот. Тоа е ден на голема христијанска жалост и се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а во народната традиција е ден кога не се работат поголемите работи во полето и домот.

Овој ден се смета за најтажен ден во христијанството и на тој ден се служи литургија во црквите. Од Велики четврток до Велигден не ѕвонат ѕвоната во црквите, бидејќи ѕвоната во православната црква претставуваат радост.

На Велики петок треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош, да се посети и негува болниот, а изгубениот да се упати на правиот пат. Воскресението на Исус Христос ги соединува светот и рајот, а рајот постои во луѓето по покаението, давајќи ни надеж дека живеењето во покајание не е залудно живеење.

На овој ден не треба да се работат куќните работи, ниту работите во полето. Не треба да се зема игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе избијат пликови на кожата. Тој ден е строг пост, не се пали оган во домот. Според некои верувања, девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црквената порта и го стават под перница во текот на ноќта во очи на Велика Сабота, ќе го сонуваат својот иден маж. Се верува и дека оние кои ќе ја измијат главата на овој ден ќе немаат главоболки.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...