Испечатете ја страната

Денеска е Велики Петок – најтешкиот ден во годината

Петок, 26 Април 2019

Православните верници го одбележуваат Велики петок, во знак на сеќавањето на денот кога Исус е распнат на крстот. Тоа е ден на голема христијанска жалост и се одбележува со строг пост, воздржување од веселби и прослави, а во народната традиција е ден кога не се работат поголемите работи во полето и домот.

Овој ден се смета за најтажен ден во христијанството и на тој ден се служи литургија во црквите. Од Велики четврток до Велигден не ѕвонат ѕвоната во црквите, бидејќи ѕвоната во православната црква претставуваат радост.

На Велики петок треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош, да се посети и негува болниот, а изгубениот да се упати на правиот пат. Воскресението на Исус Христос ги соединува светот и рајот, а рајот постои во луѓето по покаението, давајќи ни надеж дека живеењето во покајание не е залудно живеење.

На овој ден не треба да се работат куќните работи, ниту работите во полето. Не треба да се зема игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе избијат пликови на кожата. Тој ден е строг пост, не се пали оган во домот. Според некои верувања, девојките кои на Велики петок ќе украдат цвеќе од црквената порта и го стават под перница во текот на ноќта во очи на Велика Сабота, ќе го сонуваат својот иден маж. Се верува и дека оние кои ќе ја измијат главата на овој ден ќе немаат главоболки.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Познатото детско возче повторно ќе вози од 18:00 часот во големиот Градски парк

Познатото детско возче повторно ќе вози од 18:00 часот во го…

Јун 06, 2020 Маркетинг

На детската радост и нема крај... Од понеделник (8 јуни), во големиот Градски парк, спроти ресторан „Бонита“ во Струмица, стартува популарното возче з...

Црвен Крст и полицијата продолжуваат со делење на заштитни маски на фреквентните локации во Струмица

Црвен Крст и полицијата продолжуваат со делење на заштитни м…

Јун 06, 2020 Вести

Струмичката полиција и општинската организација на Црвен Крст во Струмица со координативни активности деновиве ги снабдуваат жителите на овој дел од д...

125 нови случаи на Kовид-19, двајца починати меѓу кои струмичанка на возраст од 67 години

125 нови случаи на Kовид-19, двајца починати меѓу кои струми…

Јун 06, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Kовид-19, информираат од Министерството за здравство. По град...

Филипче: Ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица

Филипче: Ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат ш…

Јун 06, 2020 Вести

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот Фејсбук профил им се обрати на медиумите и новинарите, кои пред да се објават официјалните информа...

Највкусните крофни „I & G“ ова лето повторно ќе можете да ги пробате

Највкусните крофни „I & G“ ова лето повторно ќе можете д…

Јун 06, 2020 Маркетинг

Популарните, но и највкусните мини крофни „I & G“, меки како памук, од понеделник (8 јуни), повторно ќе можете да ги вкусите и да се засладувате. ...

Денеска потврдени 180 нови лица заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје 109 лица

Денеска потврдени 180 нови лица заразени со Ковид-19, најмно…

Јун 05, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во изминатото деноноќие во земјава се потврдени 180 позитивни случаи на лица заболени од Ковид-19, објави Министерството за здравство. Резултатот е до...

Волонтери на Црвен Крст мереа температура кај патници во возила кои влегуваа во Струмица

Волонтери на Црвен Крст мереа температура кај патници во воз…

Јун 05, 2020 Вести

Попладнево волонтери од општинската организација на Црвен Крст во Струмица, во форма на превентивна акција, со асистенција од полицијата, ја мереа тем...

Паркирано товарно возило кое се придвижило усмрти струмичанка на пазарот во Виница

Паркирано товарно возило кое се придвижило усмрти струмичанк…

Јун 05, 2020 Вести

Вчера во 17:40 часот кај стариот градски зелен пазар во Виница, претходно паркирано товарно возило „Застава“ без регистарски ознаки се придвижило и уд...