Во Струмица одбележан светскиот Ден на Јога

Сабота, 22 Јуни 2019

Во организација на Здружението „Јога Сурја Сонце“, во Струмица веќе петта година се одбележува светскиот Ден на Јогата – 21 јуни.

Со јавен час во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, во присуство на голем број членови на оваа здружение беше одбележан светскиот Ден на Јогата.

На јавниот час беа присутни практиканти од четири различни категории и беа презентирани едноставни асани, (вежби со одреден начин на дишење), основни истегнувања и усукувања.

Инаку, оваа струмичко здружение своите часови по Јога ги одржува од септември до јуни во салата за физичко образование на гимназијата „Јане Сандански“, како и во вежбалната на улицата „Караорман“ во Струмица.

Според степенот на подготовката, практикантите се поделени во четири групи. Во текот на месец јули, поради годишните одмори ќе има само две мешани групи.

Светскиот ден на Јога е востановен од Обединетите нации, а во соработка со Светската Здравствена организација, на иницијатива на Индискиот амбасадор, поради придобивките од јогиските вежби, а за зачувување и одржување на здравјето на целата светска популација.

Јогата на природен и едноставен начин лекува хронични болести и го подобрува имунитетот на телото. Медитацијата е една од главните аспекти на јогата. Од суштинско значење е да се медитира по практикување на јога и пранајaма. Со медитација се навлегува подлабоко во Сепството. На исклучителен суптилен и ненапорен начин, јогата и јога позите ве прават повеќе задоволни и среќни. Целото тело се чуствува поздраво и со повеќе енергија. Помалку сте склони кон болести и последици од секојдневниот стрес. Кога јога позите се координирани со дишењето, вежбањето станува ненапорно. Јогата претставува вештина која помага да се постигне рамнотежа помеѓу телото и духот. Со целосно совладување на оваа техника на медитација, се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува многу посмирен и повитален. Јогата релаксира и воедно дава енергија, го намалува или потполно отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот и вратот, и ги отстранува пореметувањата во спиењето. Јогата е повеќе од само средство за одржување на психофизичката кондиција со физички вежби и вежби на дишење и опуштање. Таа не учи како да го почитуваме и сакаме сопственото тело и дух и овозможува контакт со самиот себе. Позитивните ефекти од јогата се бројни, а повеќето од нив и научно потврдени.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

ВИДЕО: Струмичанецот Сашко Митев сними песна за Подгоријата

Јан 19, 2020 Магазин

Струмичанецот Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбелас...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2020 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Исчезна 16-годишно девојче од Висока Маала

Јан 18, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа во доцните часови е пријавено дека од својот дом се оддалечила Ѓ.Р. (16 години) од село Висока Маала, општина Васил...

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

ФК „Беласица“ се засили со тројца нови играчи

Јан 17, 2020 Вести

ФК „Беласица“ од Струмица официјално се засили со тројца нови играчи во својот состав за вториот дел од сезоната. Роберт Митев доаѓа од ФК „Тиквеш“. ...

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Во Струмица се одржа годишна AVON Конференција

Јан 17, 2020 Магазин

Синоќа во хотелот „Вила Парк“ во Струмица, АVON  одржа годишна Конференција за зона 5, која годинава беше одбележана под слоганот „15 години AVON Маке...

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе за неговото лекување

Томе Јанев од Москва им се заблагодарува на сите хумани луѓе…

Јан 17, 2020 Вести

Поранешниот фудбалер на фудбалските клубови „Беласица“, „Брегалница“, „Хоризонт Турново“, „Силекс“ и неколку други македонски клубови, Томе Јанев од С...

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостителските објекти

Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостит…

Јан 17, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи од Струмица во претстојниот период ќе презема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето порад...