Вечерва спектакуларно финале на балканското шоу „Никад није касно“, струмичанката Ленче Кукиќ меѓу фаворитите

Недела, 23 Јуни 2019

Вечерва од 21:00 часот е спектакуларното финале на балканското ТВ шоу „Никад није касно“. 12 финалисти ќе настапат и ќе се натпреваруваат за големата награда, а меѓу дванаесетмината е и Ленче Кукиќ од Струмица.

Таа ќе настапи предпоследна, под реден број 11. За титулата најдобар пејач меѓу ветераните одлучува жири комисија, публиката преку SMS гласање на 145-333 (преку VIP), со текст: 11 и преку Facebook гласање на следниот линк>>>

Покрај претседателот Саше Милошевиќ Маре, жирито го сочинуваат: Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Драгана Мирковиќ, а ќе гласат по стариот евровизиски систем. Преку телефонско вклучување во текот на финалето ќе гласат и актери, пејачи, композитори, кои во изминатата четврта сезона на „Никад није касно“, беа дел од оваа шоу.

Струмичанката Ленче Кукиќ, која веќе е во Белград и се подготвува за вечерашниот настап, вели дека е во дилема дали нејзиниот сон се оствари или да продолжи да сонува. Учеството во „Никад није касно“ за неа е едно прекрасно доживување од нејзината музичка приказна во животот.

„Како се приближува часот возбудата се повеќе расте. Не дека се плашам, туку радоста ќе ми предизвика позитивна вознемиреност“ – вели за Радио СтрумицаНет, Ленче Кукиќ, откривајќи само дека ќе пее песна која буди големи емоции.

На нашето прашање дали очекува победа вечерва и да ја понесе титулата најдобар пејач од оваа сезона, вели дека „Никогаш во животот не сум пеела за да бидам на тронот, така и овој пат. Мојата душа ја пренесувам преку песната, така е и овој пат. Со Господ напред, секогаш велам“ – ни рече Ленче.

Кои три натпреварувачи ќе станат ѕвезди на „Никад није касно“, ќе дознаеме вечерва во спектакуларното финале, кое за Македонија ќе го пренесува Канал 5 Телевизија, со почеток во 21:00 часот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бројката на новозаразени денеска скокна на дури 62 пациенти, во Скопје 24, во Штип 14 пациенти

Бројката на новозаразени денеска скокна на дури 62 пациенти…

Мај 31, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје 24, Штип 14, Тетово 12, Струга 4, Гостивар 3...

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...