Младото диџеј и продуцентско дуо Бонев и Зилант заедно со веќе познатата Славица Ангелова од Струмица попладнево ја промовираа песната „Lost“. Песната припаѓа на електронската денс музика, а младите артисти на истата започнаа да работат од јануари годинава.
Вокалот на песната, струмичанката Славица Ангелова стана позната во јавноста откако настапуваше на познатото музичко шоу за тинејџери на ТВ Гранд, „Неки нови клинци“, како и на „The Voice of Bulgaria“.
Ова е прво заедничко издание на младите струмичани Димитар Бонев и Ѓорѓи Кренков - Зилант. Веќе е во план и втора песна, и тоа во соработка со добро познати артисти од регионот, вели дуото за Радио СтрумицаНет.
Бонев веќе е познат на локалната сцена и покрај настапите во Струмица има настапувано и во други градови во Македонија како и во Бугарија.
Песната „Lost“ има и свој видео запис снимен на повеќе локации во Струмица, дело на Митко Ников, а по сценарио на Мирјана Кирова, во кој како ликови се појавуваат младите Стефан Наков и Викторија Баџуков.
Песната може да ја слушнете и погледнете на следниот ЛИНК
.
.
Дек 13, 2019 Вести
Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...
Дек 13, 2019 Магазин
Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...
Дек 12, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...
Дек 12, 2019 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...
Дек 12, 2019 Магазин
Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...
Дек 12, 2019 Вести
Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...
Дек 12, 2019 Вести
Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...