Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија, во октомври за прв пат и на „Макфест“

Понеделник, 15 Јули 2019

Прекрасниот вокал од Струмица, момчето кое го воодушевуваше Балканот за време на неговото учество на „Пинковите ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев, настапи на фестивал на музиката и туризмот „Faces of Friends 2019“, кој од 14 до 16 јуни по 14-ти пат се одржа во Кахул, Молдавија.

Станува збор за интернационален фестивал на кој учествуваат пејачи од целиот свет, а Трајче беше единствениот од Македонија, кој настапи со две песни, една на македонски, „Во твојот свет“ од својата сограѓанка Александра Јанева и една песна на англиски јазик, односно со „Show must go on“ од групата Квин.

Трајче вели дека фестивалот е сличен како нашиот „Струмица ОПЕН фестивал“, на кој настапувале доста познати музички имиња од Молдавија и Романија, а тој таму отишол на покана на директорот на фестивалот „Езерски бисери“, Марјан Кароски.

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев ни најави дека во моментот работи со еден од најдобрите продуценти во Македонија, Лазар Цветковски, подготвуваат две песни, од која едната кон крајот на август ќе биде снимена, а ни откри дека годинава, односно во октомври за прв пат ќе настапи на годинашното издание на фестивалот на македонска забавна музика „Макфест 2019“.

Во видеото погледнете го настапот на Трајче во Молдавија со песната „Во твојот свет“

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Академија Пандев“ по третото коло на ПМФЛ на лидерското место од табелата

„Академија Пандев“ по третото коло на ПМФЛ на лидерското мес…

Авг 25, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ по третото коло се искачи на лидерското место од табелата во Првата македонска фудбалска лига. Со победа од 2:0 против ФК „Боре...

Беласица со победа ја стартува новата сезона на Втората лига

Беласица со победа ја стартува новата сезона на Втората лига

Авг 25, 2019 Вести

Во првото коло на Втората лига – Исток, вчера на стадионот „Младост“ во Струмица „Беласица“ ја победи екипата на „КИТ-ГО“ со 3:0. Сино-белите победат...

Одбојкарката Ана Фасулева од „Наковски Волеј“ потпиша договор со „Купеле Брусно“ од Словачка

Одбојкарката Ана Фасулева од „Наковски Волеј“ потпиша догово…

Авг 25, 2019 Вести

Капитенот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица, младата Ана Фасулева се сели во Словачка. Таа потпиша едногодишен договор со словачкиот женски одбојкарс...

Откриени 30-тина мигранти во комбе кај Струмица

Откриени 30-тина мигранти во комбе кај Струмица

Авг 25, 2019 Вести

Триесет мигранти биле пронајдени во комбе паркиран на магистралниот пат Струмица - Радовиш. Полицијата вчера во 12:30 часот кај клучката за селото Во...

Приведено 23-годишно момче од Куклиш, по потерница на Прилепскиот затвор

Приведено 23-годишно момче од Куклиш, по потерница на Прилеп…

Авг 24, 2019 Вести

Струмичката полиција вчера во раните утрински часов иго приведе Д.Ѓ. (23 години) од селото Куклиш, кај Струмица, за кого била распишана потерница од „...

Сообраќајка на магистралниот пат Струмица – Ново Село, две лица хоспитализирани во Струмичката болница

Сообраќајка на магистралниот пат Струмица – Ново Село, две л…

Авг 24, 2019 Вести

Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 22:30 часот на магистралниот пат СтрумицаНово Село, на крстосница за Зубо...

Во пресрет на Голема Богородица во Секирник јубилејната 10-та „Средба на Русалии“

Во пресрет на Голема Богородица во Секирник јубилејната 10-т…

Авг 24, 2019 Вести

Русалиите, жив споменик на егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, во пресрет на празникот Голема Богородица повторно ќе се соберат во Секирни...

Отворен 9-от Интернационален летен музички камп „Струмица 2019“

Отворен 9-от Интернационален летен музички камп „Струмица 20…

Авг 24, 2019 Вести

Четириесеттина млади музичари од неколку градови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска од синоќа се во Струмица на петдневниот интерна...