Една од најпопуларните музички групи во Македонија, „БОЛЕРО“ со вокалниот солист Христијан Божинов Кико, деновиве со две нови песни, кои ги промовираат со видео спотови преку YouTube.
„Десет срца“ е насловот на првата песна која ја објавија пред три дена. Музиката и текстот се на Никола Радев и Кико, а аранжманот е на Фимчо Костов и Кико. Видеото е снимено во напуштен објект покрај Охридското езеро.
Втората песна е урбана, насловена „Камера“, наменета за помладата публиката. Музиката е на Кико Божинов, текстот на Иле Илиев, а аранжманот го направи Фимчо Костов. Во „Камера“ на саксафон свири Гоце Јанкулов.
„Болеро“ најавуваат уште еден видео спот, на нова авторска песна, а деновиве на YouTube ќе објавуваат и „cover“ со познати хитовски песни.
Следниот месец ќе имат неколку концерти во Швајцарија, во почетокот на декември се во Германија, а од таму заминуваат на турнеја низ Австралија, каде ќе бидат и за дочекот на Новата 2020 година.
.
.
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Јан 18, 2021 Маркетинг
Од денеска до сабота, 23 јануари во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, роденденска недела со ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче меб...
Error: No articles to display