„Јупитер за градот“ - струмичани со овации за Јупитер со Ленче и Горан, нов одличен концерт

Петок, 13 Декември 2019

Стихови со гласот на Катерина Панов Кожаров, звуци од гитарата на Горан Алиќ, од лево на сцената се слуша еден прекрасен глас „Те сонив ли душо моја“, а од десно друг глас, машки „Го слушаш ли мојот шепот, душо моја“... долги аплаузи во големата сала на Центарот за култура.

Ленче и Горан Кукиќ со песната која го означи почетокот на нивното музичко патување низ брачните води го започнаа синоќешниот концерт „Јупитер за градот“, а во чест на патронот на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Ја разнежнија публиката во преполнетата сала со прекрасните дуетски песни кои ги испееја на многу македонски фестивали на новосоздадената песна. Се пееја и песните со кои ја освојуваа публиката на Балканското ТВ шоу „Никад није касно“. Пееја и нивните пријатели од оваа шоу, Марко Жигмановиќ, Јасмина Мима Шијачки и Југослав Шијачки. Со Ленче во дует пееше и познатиот глас од македонската естрада, Благица Калева. Запеја и синот Иван, а „мама и тато“ го следеа со своите гласови.

Пријатно изненадување на сцената беше и Црковниот хор на Католичката катедрала во Струмица, под диригентство на сестра Тереза, во кој пејат и Ленче и Горан, но и останатите членови на нивниот бенд. Публиката буквално уживаше во песните и музиката, ги наградуваше со долготрајни аплаузи и овации.

Со одлично селектираниот репертоар Ленче и Горан и нивните пријатели ги задоволија вкусовите и на помладите и на повозрасните и на „фолкерите“ и на „забавњаците“.

Во публиката, концертот го следеа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски. Тука беше и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, која Ленче и Горан ги следи уште од нивните заеднички почетоци, ги слуша нивните песни и е страсен фан на овие два прекрасни гласа. Во публиката беше и маестро Горан Алачки, доаенот на македонската песна Перо Христов...

Брачниот пар Кукиќ и синоќа покажаа дека се најдобрите вокали, не само на македонските сцени, туку и во соседна Србија, оти ваков концерт со одлична сценографија и светлосни ефекти, може да си дозволат само големите музички имиња, а тоа се тие, со бендот кој 35 години се заедно на естрадата.

ФОТОГАЛЕРИЈА од концертот >>>

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...