Во НУГА БЕСТ центарот во Струмица, Јанг Чун Мо со презентација за Тоурманиумот и нивните ефекти

Петок, 20 Декември 2019

Во „НУГА БЕСТ“ центарот во Струмица се одржа презентација и разговори со претставници на светски позната компанија „НУГА БЕСТ – НУГА МЕДИКАЛ“ од Сеул, Јужна Кореја на тема: „Долгите инфрацрвени зраци од Тоурманиумот и нивните ефекти врз човекот и неговото здравје“, на која говореше претседателот за Европа, Јанг Чун Мо.

„Наједноставно е тоа што без тие зраци од сонцето нема живот како за растенијата животните така и за човекот! Тоурманиумот е тој којшто ги емитува долгите инфрацрвени зраци (ДИЦЗ) и кој го има во сите производи на Нуга Бест. Со третманите на Н5 креветот како и на останатите производи, ние му овозможуваме на нашиот организам да ги апсорбира тие зраци 7,7цм во телото и во секој поглед да влијае на подобрувањето на нашата здравствена состојба, подобрување на имунолошкиот систем, а со тоа и превенирање од болести. Едноставно ДИЦЗ се животно неопходни за секој човек и за неговото здравје и општата психофизичка добра состојба“ – кажа Јанг Чун Мо.

Многу од корисниците на производите на „Нуга Бест“ во Струмица имаа прашања, на кои г-дин Јанг им даваше исцрпни одговори во повеќе од три часа дружење.

„Оваа презентација и средба беа одлична можност за подетално запознавање на струмичани со бесценетите здравствени ефекти од користењето на третмани на Н5 креветот. Нашите клиенти во Струмица, преку „Нуга Бест“ центарот имат прекрасна можност да ги користат производите на „Нуга Бест“ кои се темелат на многувековното знаење на Далекиот исток за негување и одржување на човековото здравје“ – ни рече раководителот на „Нуга Бест“ центарот во Струмица, Тања Мицева.

ТОУРМАНИУМ

Тајната на каменот на животот, каменот на здравјето.

Тоурманиумот е сертифицирана керамика составена од 4 (четири) ПРИРОДНИ ЕЛЕМЕНТИ кои на нашето тело делуваат лековито и благотворно:

1. ЦРНА ТУРМАЛИНА

Во природата ја има во повеќе бои,но научниците ја употребуваат токму црната турмалина, зошто?

Затоа што од сите минерали на земјата таа е главен проводник на енергијата и емитува  минерали неопходни за нашето здравје како калиум калциум магнезиум железо јод флуор и др. Врз организмот влијае во реизградбата на ендокриниот систем и го зајакнува имунолошкиот систем, го смирува автономниот нервен систем, помага кај ревматските заболувања. Исто така ја прочистува крвта и течностите во нашето тело ја зголемува енергијата на телото, како и циркулацијата на крвта.

Турмалината ни дава долги инфрацрвени зраци (ДИЦЗ) топли зраци, кои ние ги примаме од сонцето и од кои зависи целокупниот живот на земјата и кои на нашето тело му прават регенерација.

Медицината ги користи во инкубаторите за предвреме родените бебиња, како и за тие бебиња што имаат заболување, проблеми со дишењето, работата на срцето, инфекции, слаборазвиени органи и др. Долгите инфрацрвени зраци се тие без кои животот не може да се замисли на планетата, преку турмалината тие навлегуваат во нашиот организам 7,7цм и делуваат лековито на органите и целото тело. Исто така турмалината емитира и негативни јони кои се многу добри антиоксиданси, како и со ефекти врз луѓето со артритис, болки во зглобовите, ревматски болки во прстите, грбот, колената.

Во природата негативните јони ги има на планините, покрај морињата и океаните, езера, водопади... каде што има поголемо количество на кислород.

После грмотевици и дождови воздухот е исполнет со негативни јони и луѓето веднаш се чувствуваат подобро и посвежо, бидејќи негативните јони делуваат исклучително благопријатно врз човечкото тело.

Сето оваа преку ТУРМАЛИНАТА се добива во ТОУРМАНИУМОТ!

2. ГЕРМАНИУМ

Дејствува како носител на кислородот до секоја клетка, му помага на организмот во самолекувањето со зјакнување на имунитетот, како и елиминирање на супстанците кои ни предизвикуваат замор. Исто така дејствува во елиминирање на покачен холестерол, бактериски инфекции, делува против канцерот, па дури и сидата!

3. ЕЛВАН

Тоа е корејски гранит кој има способност да прима и разложува штетни честички, тешки метали, ги неутрализира токсините и притоа испушта пријатна миризба. Помага да се прочисти крвта и клетките, го забрзува распаѓањето на отпадните материи од организмот. Ги отстранува лошите миризби и е многу ефикасен кај заболувања на кожата!

4. ВУЛКАНСКИ КАМЕН

Тој е одличен впивач на топлината и ја пренесува својата топла енергија до најдлабоките делови на телото и така ја подобрува и забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот и регенерација на ткивата. Вулканскиот камен е најголем чистач и детоксификатор на се, па и на човечкиот организам. Освен тоа се употребува и во една форма во борбата против ракот.

Сите овие четири елементи се споени затоа што взаемно меѓусебе ја разменуваат енергијата. Нивните карактеристики споени во еден ТОУРМАНИУМ прават една огромна енергија што ни дава здравје.

За да може да делува најважно е да пиеме вода правилно и во што поголема количина, така ефектите се максимални.

Тој е иднината на човештвото, тој е збир на знаењата на Далекиот исток за здрав  живот, живот без болки, со насмевка и среќа!

ТОУРМАНИУМОТ ЕДИНСТВЕН И ОРИГИНАЛ САМО ВО НУГА БЕСТ на Н5  КРЕВЕТОТ КАКО И НА СИТЕ ОСТАНАТИ ПРОИЗВОДИ (Т9 појас, ДУШЕК СО ПРОЕКТОР И ПЕРНИЧЕ, ЕЛЕК и други производи од компанијата НУГА МЕДИКАЛ –Јужна Кореја).

Комерцијална објава

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://www.strumicanet.com/index.php/magazin/8729-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD,-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD#sigProGalleria178919ebf7

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...