ВИДЕО: „Медот отровен“ нова дуетска песна со Јовче Пандев и Ивана Василева

Петок, 03 Јануари 2020

Двајцата познати струмички вокали, Јовче Пандев и Ивана Василева снимија дуетска песна и видео спот насловен „Медот отровен“.

Ова е четврта песна на Јовче Пандев кои ја одбележуваат 2019-та година во неговата музичка кариера, а на Ивана прва песна и тоа со нејзиниот пријател од средношколските денови, кои беа и дел од хорот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

За Јовче 2019-та беше доста успешна и плодна година на музички план, четири спота за неполна година, како што вели одржавме некаков континиутет во работата наречена „авторска музика“.

„Истата екипа од претходните аудио и видео изданија работеше и на оваа песна и спот, овој пат засилени со Зоран Трендов, кој е заслужен за дел од музиката и другарка ми Ивана Василева која ја донесе интерпретацијата онака како што бара сентиментот на песната“ – ни кажа Јовче.

Јовче вели дека песната „Медот отровен“ е сублимат на четири жанрови, рок, поп, класика и ориентална музика, и само по себе е предизвик да се стават сите во ист контекст и  функција.

Во 2020-та Јовче Пандев сака да ја сними својата осма авторска песна и да се промовира ЦД, албум од неговите песни, „ништо друго нема да ги задоволи моите апетити“…

„Одиме понатаму… „Медот отровен“ е четвртата, таман сме на пола пат. Среќни празници на сите од мене и Ивана. Имајте среќна и од Бога благословена 2020 година. Да сме живи и здрави и да слушате македонска музика“, е пораката на Јовче Пандев. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...