Поранешни и сегашни гимназијалци се собраа во училиштето „на проба“ за концертот во недела

Петок, 03 Јануари 2020

Во недела во големата сала на Центарот за култура во Струмица по 10-ти пат ќе се одржи хуманитарниот Новогодишен-Божиќен концерт на СОУ „Јане Сандански“, насловен „Деценија“.

Поранешни и сегашни ученици од оваа струмичко училиште, 90-тина ќе бидат на сцената, ќе пејат и свират музика за различни генерации. Влезниците се распродадени уште и кога беа пуштени во продажба пред новогодишните празници. Парите од концертот ќе бидат наменети за помош на 21-годишниот Стојче Јовановски, а дел од парите ќе бидат за збогатување со инструменти на Кабинетот по музика во СОУ „Јане Сандански“.

Професорката Анита Станковска вели дека годинашниот концерт, на кој учествуваат повеќето учесници од изминатите 9 години, ќе го направат поинаков, посебен од претходните.

„Со нивното искуство, со нивната енергија, со нивната убавина којашто ја носат со себе, публиката ќе ужива во она што ќе го понудат на сцената“ – вели Станковска.

Професорката е горда на своите поранешни ученици, кои настапувале на овој традиционален хуманитарен концерт, дел од нив се веќе и познати имиња на македонската естрадна сцена.

„Наградата од сите овие концерти и вредноста од сите овие концерти се имињата на учениците коишто остануваат после нас, на сите оние кои продолжуваат да пејат и професионално и аматерски, енергијата е неверојатна, позитивна на најубав начин, сите меѓусебе тие комуницираат, и приватно и професионално на музичката сцена, како во Струмица така и надвор од неа, и мислам дека тоа ќе се види во недела на 5-ти јануари“ – вели професорката Станковска.

Професорот Денис Кирчанов, кој е задолжен за оркестарот составен од ученици, исто така поранешни и сегашни и ќе свират во живо на концертот во недела, вели дека се подготвени за оваа специјално издание на традиционалниот концерт, годинава со наслов „Деценија“.

„Она што ќе го слушнеме на концертот е различно, ќе има повеќе жанрови на музика, рок, поп, имаме елементи и од џез музика на неколку композиции, ќе има и убави македонски композиции кои веќе влегуваат во евергрин музиката“ – вели Кирчанов, ветувајќи одличен концерт како и изминатите години што беа.

Ќе има два концерти. Првиот е во 18:00 часот, а вториот започнува во 20:00 часот, во недела во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аурес од Бразил

Златна плакета за најдобра карикатура на Ерико Жунгуеира Аур…

Фев 19, 2020 Вести

Меѓународното жири на 21-от Фестивал за карикатура и афоризам „Струмица 2020“, ги избра најдобрите од пристигнатите 140 карикатури од 20-тина држави и...