И тие умеат да пеат, да бидат забавни, со верба во себе, надеж и љубов, лица со попреченост настапија на првиот музички хепенинг

Понеделник, 17 Февруари 2020

Полна сала со народ, дојдоа да ги храбрат 12-мината млади лица, кои иако со попреченост покажаа дека нема место за било какви препреки во нашето општество, дека нема место за поделби.

„Надежта последна умира” – Вера, Надеж, Љубов, Музика, така беше насловен овој прв музички хепенинг каде лица со попреченост се испробаа на сцената, во улога на пејачи, кои ги придружуваа струмичките музички групи „Акустик легенди“, „Гала бенд“, а тука беа и менторите кои им помогнаа во пробите, професорите по музика Васко Пиличев и Игор Ангелов.

Анче Туфекчиева од Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, организатор на настанот, вели дека овој прв ваков настан, кој се надева дека и догодина пак ќе го организираат со повеќе учесници, беше од ревијален карактер, без награди, иако сите учесници добија подароци од организаторот.

„Покажаа дека сите сме еднакви, дека музиката исто не допира сите и дека и тие можат и сакаат да пеат“ – вели Туфекчиева, потенцирајќи дека учесниците многу сериозно си ја сфатија работата, ги вежбаа песните во изминатиот месец и ова за нив беше голем предизвик и начин да покажат дека можат.

Во публиката поддршка им даде и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски со дел од членовите на Советот, како и Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. /Р.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работници

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ има потреба од работниц…

Апр 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери со работно искуство и еден работник за работа на C.N.C...

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-15 во јавниот сектор, нема набавка на мебел, опрема и возила

Владата забрани нови вработувања во јавниот сектор, нема К-1…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување с...

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единствениот пациент

25 новозаболени од коронавирусот, во Струмица останува единс…

Апр 01, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 7, Куманово -7, Прилеп -2, Тетово -5, Струга -2, ...

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска и ракавици

Се отворија пазарите во Струмица, на пазар со заштитна маска…

Апр 01, 2020 Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и пр...

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Дел од Струмичкото корзо утре без струја од 10 до 15 часот

Апр 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 2 април), во периодот од 10:00 до 15:00 часот ќе има прекин во напојувањето со елект...

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата, што содржат тие

Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справувањ…

Апр 01, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 32-ра седница го усвои вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за сите мер...

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лице

Полицискиот час вчера во Струмица го прекршило само едно лиц…

Мар 31, 2020 Вести

Вчера СВР Струмица до надлежните обвинителства поднесе кривични пријави против шест лица кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, ...

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добија…

Мар 31, 2020 Вести

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засн...