Денеска е Прочка, празник на простувањето

Недела, 01 Март 2020

Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Денеска и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот.

Денеска е големиот христијански празник Велики поклади или Прочка, празник на проштевањето и очистувањето од гревовите. Ден кога луѓето си проштеваат едни на други за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна со што подготвено ги почнуваат Велигденските пости.

Според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца, интересен обичај на кој особено се радуваат децата.

Се изведува на тој начин што варено бело јајце се прободува со игла, потоа низ него се провира конец кој се врзува за вретено или сукало. Домаќинката го држи конецот и сите почнувајќи од постарите амкаат, обидувајќи се да го лапнат јајцето без помош со рацете. Само на помалите деца им се дозволува да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапне јајцето, си го добива за јадење, а амкањето продолжува со друго.

Величествен впечаток на празникот му даваат големите обредни огнови кои се палат вечерта на овој празник, а во Струмица и Прилеп традиција е да се организираат карневали. Годинава, поради коронавирусот, Владата препорача да не се одржуваат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на ниво на држава 26 новозаболени

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на н…

Мар 30, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа во Струмица не е регистриран случај со коронавирус, засега останува само едно лице потврдено во текот на вчерашниот ден. Вкупнат...

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цени

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цен…

Мар 30, 2020 Вести

Граѓаните да не креваат паника, затоа што лимони и друго јужно овошје има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со...

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

Мар 30, 2020 Вести

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително, б...

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење од 16 до 5 часот

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење…

Мар 30, 2020 Вести

Ноќта помеѓу 29 и 30 март на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, вкупно 31 граѓанин ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од ...

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во…

Мар 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на духовит начин раскажува за корона кризата

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на ду…

Мар 29, 2020 Магазин

Струмичанецот Кирил Петров, кој веќе 20 години живее во Флорида, САД, ја користи социјалната мрежа Инстаграм за да долови каков е „маабето“ за корона ...

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во карантин

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поедине…

Мар 29, 2020 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со апел до своите сограѓани по објавувањето на информацијата дека едно лице од Струмица е заболено...

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации - се огласи една од девојките која беше снимена како влегува на Инфективно

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации …

Мар 29, 2020 Вести

Во петокот преку социјалните мрежи во пораки се споделуваше видео од три женски лица како со амбулантно возило се донесени во Инфективното одделение и...