Ако беше жив денеска ќе полнеше 66 години

Среда, 19 Август 2020

Ако беше жив, денеска легендата на македонската фолк музика Гоце Арнаудов, ќе го слaвеше својот 66-ти роденден. Гоце кој од мали нозе, па се до неговото прерано заминување од овој свет, пред 9 години, испиша многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија.

Ѕвездениот град Струмица имаше своја ѕвезда на земјата која стана ѕвезда на небото. Таа Струмица беше негов дом. Од тука заминуваше по другите градови и земји, низ сите светски меридијани, и повторно се враќаше на местото каде што си тежи каменот. Таа негова Струмица ја опеа и во песна, покажувајќи ја љубовта кон неа.

За легендата од Струмица, општина Струмица пред 6 години, во предвечерието на неговиот роденден му подигна споменик кој го краси просторот во малиот градски парк, дело на македонскиот скулптор и сликар, професорот Митко Тошев.

„На Гоце Арнаудов не му е потребен споменик. Тој својот споменик го подигна со испеаните песни. Споменикот ни е потребен нам на струмичани, за да ни биде сведоштво за почитта која ја имаме кон човекот кој ја прославил Струмица надалеку, за да биде гордост на неговите современици и на генерациите кои доаѓаат по нас“ - рече тогаш во своето обраќање поранешниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни...

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...