Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу

Среда, 08 Јули 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Златко Стојановски, во денешното свое обраќање вели дека по 30 години поминати во институција вратено му е достоинството, правото да избира каде ќе живее, правото самостојно да одлучува и правото на независен живот.

Начинот на кој општеството гледа на попреченоста е еден од клучните показатели за тоа во какво општество живееме.

Како одговорна партија, во изминатите 3 години, го трансформиравме системот за поддршка и пристапот до правата и услугите. Тоа се клучни мерки преку кои градиме општество засновано на права, солидарност, соработка и вклучување.

Оттука, сакам да нагласам дека за првпат во нашата држава, после долги години, се потенцира независноста на лицата со попреченост и нашето право на носење одлука.

По 30 години поминати во институција можам слободно да кажам дека со активностите кои се преземени во изминатите 2,5 години вратено ми е достоинството, правото да изберам каде ќе живеам, правото самостојно да одлучувам и правото на независен живот.

За прват после толку години барање се воспостави услугата на поддржано живеење во заедницата, се отворија мали групни домови, се воведоа голем број индивидуализирани услуги, како личната асистенција и помошта во домот, кои со сигурност овозможуваат ние, лицата со попреченост, да бидеме активни граѓани кои придонесуваат во развојот на сопствената заедница.

Истовремено започнати се активности за професионална рехабилитација и тоа е реалност овде кај нас во Струмица, со која ќе ни се зајакнат способностите и ќе ни се олесни и влезот на пазарот на трудот.

Се надеваме дека оваа успешно започната приказна продолжува и дека во иднина со уште поголем мотив и со наша вклученост ќе ги продолжиме активностите кон исполнување на обврските преземени со Ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Ќе го продолжиме започнатиот процес на деинституционализација, односно преселба на лицата кои живеат во старите и заборавени институции во поддржано живеење во локалните самоуправи, согласно желбите и барањата на лицата кои се уште се таму.

Дополнително во наредниот период, односно во 2021 година за 15% ќе се зголемат и за користење на личната асистенција ќе се спушти од 18 на 6 години со што ќе се поддржи инклузивното образование.

Пристапноста на сите јавни инстиуции ќе заврши до 2024 година за конечно да имаме еднаков пристап до сите права и услуги.

Со овие процеси не само што ќе го подобриме нашето живеење , туку ќе ги развиеме и услугите од секторите здравство, образование и социјална заштита кои ќе одговорат на нашите потреби.

Воедно со ова ја менуваме и свеста кај целото општество за различностите помеѓу сите нас и дека различностите не се ниту опасни, ниту страшни и дека треба да научиме да живееме заедно и да ги почитуваме правата на другите околу нас.

Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева во Струмица

ФФМ започна со изградба на модерен терен со вештачка трева в…

Сеп 28, 2020 Вести

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изгра...

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична дела колку што ги има годините, полицијата најави поднесок до обвинителството

13-годишно момче од Струмица за два месеци направил кривична…

Сеп 27, 2020 Вести

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишно момче од Струми...

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места

Заев: Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра о…

Сеп 27, 2020 Вести

Премиерот Зоран Заев, одржа прес-конференција на која беше презентиран четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на К...