Во последните 24 часа направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19, од кои 7 лица се евидентирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица, информираат од Министерството за здравство.

Вчера утрото околу 6:00 часот на магистралниот пат Струмица - Радовиш, во близина на раскрсницата за село Василево, М.В.(21) од село Градашорци, струмичко, управувајќи мотоцикл „Јијинг“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од СВР Струмица.

Синоќа се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледувала актуелната политичка и економска ситуација, а се донесоа повеќе кадровски решенија како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ.

Докторка од ЈЗУ „Општа Болница“ - Струмица денеска во полицијата пријавила вербални закани од непознато лице по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на починатото деветмесечно бебе во болницата бурно реагирал. Од СВР Струмица информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, заедно со Локалниот Совет за превенција, утре (среда, 23 септември), во 12:00 часот, во Дом на АРМ, организираат средба со сопствениците на угостителски објекти на територијата на општина Струмица, на тема: „Почитување на законите и протоколите од Владата на Република Северна Македонија“.

Во изминатите 24 часа од направените 1618 тестирања, регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и 7 во Струмица, информираат од Министерството за здравство.

Повеќенаменско возило со голема проодност за реакција при пожари и поплави со цел да се заштити населението и спречување на ризиците и ублажат последиците од природни катастрофи и непогоди, ќе набави општината Струмица преку проект за прекугранична соработка со соседна Бугарија. Ова го најави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, презентирајќи го проектот „Заштита на локалното население од општините Струмица и Петрич, Бугарија од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“, а финансиран од ЕУ.

„Сведоци сме дека во последните децении се повеќе ги чувствуваме негативните последици од климатските промени врз животната средина. Општина Струмица се соочува со сериозни предизвици за прилагодување и ублажување на последиците врз природата, но и човековото здравје и безбедноста. Во услови на отежнато справување со природни непогоди, ја препознавме потребата од соодветно институционално опремување, подигање на свеста кај луѓето и јакнење на капацитетите на општината и Територијалната професионална противпожарна единица при општина Струмица’’, кажа градоначалникот Коста Јаневски.

Утрово околу 10:00 часот повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица. Од СВР Струмица информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.

„Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од СВР Струмица.

Вчера во попладневните часови кај чешмичката во Градскиот парк во Струмица, Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на Кампањата „Европска недела на мобилност“,  делеше едукативни материјали, води, заштитни маски за лице, промовирајќи алтернативни форми на мобилност, со слоганот: „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце - Вози велосипед“.

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека за утре (вторник, 22 септември) е планирано прекин на електричната енергија во неколку населени места во струмичкиот регион.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница ги имал сите симптоми на коронавирус, најавувајќи дека ќе се прави постмортем тест.

Попладнево околу 16:00 часот на Детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал, обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјавил за МИА директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

Вчера на патот Струмица – Радовиш, кај Василевската раскрсница се случила сообраќајка во која две лица се тешко повредени, информираат од СВР Струмица .

Вчера во 00:30 часот на магистрален пат Струмица – Радовиш, на раскрсницата за село Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „БМВ“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки.

Во Струмица денеска се евидентирани двајца починати пациенти со ковид-19 на возраст од 52 и 62 години, соопшти Министерството за здравство. Седум пациенти починале во изминатите 24 часа во државата, а евидентирани се 45 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 86 пациенти.

Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта, објави ТВ канал ВИС.

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепак тој почнал да се празнува многу подоцна.