Утре (петок, 17 мај), од 19:00 часот требаше да се одигра првиот финален натпревар за освојување на Шампионската титула во одбојка помеѓу ОК „Шутова“ и ОК „ЏИО Струмица“ во Кичево.

Натпреварот е одложен, поради, како што дознаваме, салата во Кичево од врнежите е поплавена, односно прокиснално вода и затоа, наместо утре натпреварот ќе се игра во понеделник (20 мај) од 19:00 часот со пренос на МРТ.

Во просториите на Американ Колеџ во Скопје се одржа 8-от Годишен натпревар во читање на англиски јазик. Настанот беше отворен од Британската амбасадорка во Северна Македонија, Мадам Рејчел Галовеј.

Годинешниот натпревар му оддаде признание на англискиот писател Џорџ Елиот (Mary Anne Evans), по повод нејзиниот 200-от роденден.

Од СОУ „Никола Карев“ од Струмица, учествуваа ученици од четврта година кои беа под менторство на др. Натка Јанкова Алаѓозовска. Ученичката од IV-2 клас, Сања Гоцева го освои второто место и доби стипендија за студирање на колеџот и книги на англиски јазик од Британската амбасада и други спонзори.

Врнежите во Струмичкиот регион предизвикаа истекување на реката Струмица во атарот на селото Турново. Поплавени се над 20 хектари обработливо земјиште кај селото Турново. Надојдените води на повеќе места го пробија заштитниот трап и поплавија дел од земјоделските површини.

На местото каде се излеа реката Струмица кај селото Турново и се поплавени земјоделски површини интервенирано е со четири машини и направен е испуст за истекување на водата, по што во голем дел водата е истечена. Покрај тоа, исчистено е речното корито на реката Струмица на потегот од мостот кај селото Зубово кон Ново Село со што е спречено уште едно поплавување.

Се апелира до граѓаните да не фрлат градежен шут, отпад во речните корита, бидејќи со тоа се создаваат брани во течението кои предизвикуваат истекување.

По најавите од Управата за хидрометеорлошки работи за обилни врнежи од дожд во наредните денови, екипите на ЈПКД „Огражден“ од Босилово и градежната механизација од Управата за води, остануваат на терен за да се следи состојбата со водостојот на реката и одводните канали.

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода за пиење се корисниците од улицата „8-ми Март” во Струмица.

Екипа од Одделението „Водовод и канализација” при ЈПКД „Комуналец“ е на терен и работи на отстранување на дефектот.

Се очекува нормализирање на водоснадувањето денеска (четврток, 16 мај), до 12:00 часот.

На 28 мај (вторник) од 20:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржи Хуманитарен концерт на македонската естрада за помош на младиот Никола Новоселски од Муртино, за продолжување на лекувањето во Москва, Русија.

Ленче и Горан Кукиќ, Сузана Гавазова, Благоја Груевски, Стојне Николова, Миле Кузмановски, Ѓоко Јовиќ, Марјан Коцев, Болеро Бенд, Тејзи, Енерџи Бенд, Дрим Тим и други пејачи и групи од македонската естрада ќе бидат дел од Хуманитарниот концерт за Никола Новоселски.

На Никола можете да му помогнете и преку донирање 100 денари од повик на броевите:

143-303 Телеком

143-475 ВИП/ОНЕ

Преку денарска сметка на име:

Мара Новоселска

Муртино бр. 103, Струмица 2400

210-5016778434.84

НЛБ Банка

Преку девизна сметка на име:

Mara Novoselska

IBAN Code - MK07210501677843484

SWIFT-TUTNMK22

Во деновите четврток, петок и сабота (16, 17 и 18 мај), во Продажниот салон со површина од 1000 м², на струмичкиот бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ цените на сите над 25.000 артикли ќе бидат намалени за 15%.

Кујнска опрема, летни маси и столови, лулашки, се за вашиот двор и тераса, градежни материјали, санитарија, опрема за вашите купатила, се за вашиот автомобил, прибор, алати, машини, подароци за матуранти, свадбени веселби, родендени… и многу, многу други производи по најповолни цени со дополнителен 15% попуст.

Заштедете го своето време и пари, посетите го најефтиниот продажен салон во Струмица и искористете го попустот на целиот асортиман.

Инаку „РАЗНОПРОМЕТ АС“ важи една од компаниите чии фокус се потребите на потрошувачите и во Продажниот салон, кој се наоѓа на излезот од Струмица кон Дабиле, може да се најде буквално се за вашиот дом, како за изградба така и за опремување. Паралелно ова фирма во интерес на празниците и сезоните воведува и дополнителни артикли со семејни цени.

Во петок точно напладне околу 650 матуранти од трите средни општински училишта во Струмица по 12-ти пат ќе го танцуваат познатиот квадрил, заедно со нивните врсници од 70 градови во десет земји од Југоисточна Европа, истовремено испраќајќи порака за борба против насилството, за меѓусебна комуникација и толеранција.

30.000 матуранти од 70-те градови точно во 12:00 часот ќе го започнат синхронизираниот танц на квадрил и играње салса, како дел од традиционалната „Матурска парада 2019“.

Околу 10:00 часот матурантите од СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“ ќе се соберат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, каде ќе им бидат поделени маиците – во бојата на ЕУ за машките и жолти за женските, како и чадорите за изведба на квадрилот. Во 11:45 часот на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, по што ќе ја кажат изјавата за ненасилство. Точно напладне ќе почне танцувањето на квадрилот на музика која ќе биде пуштена директно од Радио Словенија - интернационал.

Инаку годинава во трите средни општински училишта во Струмица, 665 ученици го завршуваат своето средно образование, од кои 374 се девојки, а 291 се момчиња. Се очекува наголемиот дел од нив да бидат на годинашната „Матурска парада“.

Месец мај е месец за подигање на свеста за малигниот меланом на кожата. Малигниот меланом е форма на кожен карцином која што се почесто се сретнува во Македонија и бројот на пациенти е во постојан пораст. Посебно се засегнати младите лица како и лицата кои се занимаваат со земјоделство.

Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија заедно со Министерство за здравство и Еуромеланома, спроведуваат кампања со цел да се подигне свеста кај населението за оваа болест, за нејзиното рано откривање, заштитата како и третманот на истата.

Како дел од кампањата низ повеќе градови во државата ќе се одржат и предавања за општата популација. На оваа тема на 17 мај (петок), во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи предавање од страна на специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконстуктивна хирургија.

Предавањето е од отворен тип и на него се поканети сите заинтересирани граѓани.

Петок, 17 мај | 14:00 часот | Центар за култура „Антон Панов“ Струмица

Победа на одбојкарите на „ЏИО Струмица“ во третиот дуел со „Вардар“ од 3:1, втората победа во полуфиналето од плеј-офф разигрувањето вечерва во салата „Парк“ во Струмица.

Струмичани одат во финалето за освојување на Шампионскиот пехар. Противници ќе им бидат момците од Кичево, екипата на „Шутова“.

Пресметката помеѓу овие две екипи за освојување на шампионскиот пехар започнува овој викенд. Победник ќе биде екипата која ќе има три победи во финалната серија.

На 16-ти мај Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави нашата земја на годинашното издание „Евровизија 2019“, под реден број 17.

Придружни вокали се двајцата струмичани Александра Јанева и Васил Гарванлиев, како и младата Антониа Гиговска.

Евровизискиот портал „Wiwibloggs“ направи интервју со Александра, Васил и Антониа, оценувајќи ги како најдобри.

Од вчера е исчезнат 54-годишниот Марјан Велев – Мичо од Добрејци, струмичко. Последен пат е виден вчера околу 09:00 часот, кога излегол од својот дом и од тогаш му се губи секаква трага.

Исчезнувањето на Марјан Велев е пријавено во СВР Струмица и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Семејството ги моли сите кои го имаат видено или имат било каква информација да се јават на: 078/253-259 или во СВР Струмица.

ДОПОЛНИТЕЛНА ВЕСТ: Вечерва (22:00 часот), Марјан Велев е пронајден жив и здрав, информира неговото семејство...

Во четврток од 12:00 часот, претставници на „НУГА Медикал – НУГА Бест“ доаѓаат во Струмица.

Во „НУГА БЕСТ“ центарот во Струмица, Јанг и Јун од Јужна Кореја, одговорни за „НУГА Медикал – НУГА Бест“ за цела Европа, ќе одговараат на прашања на струмичани за можностите што ги нудат нивните производи.

Ова е ретка и ексклузивна можност за информирање и поставување на директни прашања на претставниците од компанијата на светско ниво.

Четврток, 16 мај | 12:00 часот | „НУГА БЕСТ“ Струмица, улица „Панче Пешев“ бр. 26

Одбојкарите на Струмица вечерва во „Парк“ ја играт „мајсторката“ од полуфиналниот плеј-офф со „Вардар“.

Двете екипи ќе се обидат да ја добијат втората победа од меѓусебната плеј-офф пресметка за пласман во финалната серија за освојување на шампионската титула.

Кој ќе биде вториот финалист, по „Шутова“, дали „ЏИО Струмица“ или „Вардар“? Вечерва од 19:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица.

Никола Андонов денеска го прими решението за избор на градоначалник на општина Ново Село од Општинската изборна комисија и официјално ја презеде градоначалничката функција од вршителот на должноста градоначалник, Горан Цветков.

„Ќе бидам градоначалник на сите граѓани на општина Ново Село. Ќе се обидам да ја вратам довербата во ова институција и да се посветиме да бидеме вистински сервис на граѓаните. Вратите на мојата канцеларија ќе бидат отворени за сите граѓани, бидејќи со нив и нивните потреби и критики ќе ја креираме општината во иднина. Паралелно не отстапувам од моите приоритети кои ги најавив. Ќе се посветам на завршување на канализационата мрежа во Ново Село и обезбедувањето на чиста вода за пиење во повеќето населени места во општината” – рече во првото свое обраќање како градоначалник, Никола Андонов.

Андонов ќе раководи со оваа општина до редовните Локални избори во октомври 2021 година.

На 10, 11 и 12 мај во Скопје се одржаа државни натпревари по хорско пеење, оркестри (бендови) и солисти од основни и средни училишта. Струмичките основнци и средношколци меѓу најдобрите пејачи и инструменталисти.

Во категоријата – солисти, прво место за Зорица Ѓоргиева од оОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле за интерпретација на песната „Ако згрешам“ од Пепи Бафтировски и второ место за Анастасија Цамбулева од ООУ „Сандо Масев“ од Струмица за песната „Shallow“ од Lady Gaga.

Во категоријата – хорот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, под менторство на Анита Станковска, кој се претстави со песните „Ave Maria“ од Arcadelt и „Yesterday“ од Beatles, на аранжман од Драган Шуплевски, го освои првото место, додека хорот на ООУ „Борис Трајковски“ од Моноспитово, под менторство на Ленче Велкова, со песните „Нашите моми“ – (традиционална македонска песна), и „Angels we have heard on high“, го освоија третото место.

Во категоријата - оркестри и бендови се претставија два оркестри од основни училишта, и тоа од ООУ „Никола Вапцаров“, ментор Милена Ристовска, со композициите „When the saints go masching“ и „Gladiator“ – Main Theme, и го освоија првото место, и од ООУ „Борис Трајковски“ од Моноспитово, ментор Ленче Велкова, со композициите „Мала предигра“ – Јосип Лулич и „HARK The herald angels sing“ – F. Mendelson, освојувајќи го второто место.

Бендот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, под менторство на Денис Кирчанов, се претставија со песните „Mad about you“ од Hooverphonic и „О Јано, Јано“ и го освоија првото место.

Во сезоната на матури, свадби и прослави во петокот во „Que Pasa“ во Струмица, AVON ги претстави најновите трендови за шминка и тренди изглед со кои ќе можете да бидете впечатливи каде и да се појавите.

Сите присутни имаа можност да ја разгледаат големата палета на AVON производи за шминка, да добијат бесплатна брошура, мостра од новите кармини на AVON, а на секои 30 минути имаше и наградно извлекување и најсреќните имаа можност да го добијат 1 нијанса од новиот мат црвен кармин на AVON.

Таму беше и професионалениот шминкер Јованка, која се погрижи за бесплатна шминка на сите заинтерсирани и даваше совети за тоа како совршено да нанесете кармин и да пробате посмели комбинации за кои никогаш не сте помислиле дека ќе ви прилегаат.

За најсреќниот AVON подготви и „AVON несесер“ полн со шминки, кој ќе биде извлечен во четврток во 13:00 часот во канцеларијата на AVON  во Струмица и сите кои сакаат да бидам дел од настанот можат да дојдат на дружење.

ФОТОГАЛЕРИЈА