Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по фантастичната победа над Словенија (3-1 во сетови), а тој онака капитенски, и извинете што е малку вулгарно, но веднаш отсечно одговори…

„Ние сме репрезентација со толкави „муда“. И знаев дека ќе се разиграме, дека имаме квалитет, дека можеме да ја победиме Словенија. Ние можеме да играме слабо во празна сала, но кога сме мотивирани, кога има аудиториум, тогаш од нас излегува најдоброто. И драго ми е што покажавме и овде во Љубљана дека голема е МАКЕДОНИЈА. И дека заслужено е на ЕП, и ете можеби ќе ни се посреќи и да одиме во осминафиналето. Срцето ми е полно, сакам да заплачам, а немам солзи“, изјави за „Екипа“ капитенот Никола Ѓоргиев.

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја победија репрезентација и моќната Словенија со 3:1 во сетови (24-26, 28-30, 25-19, 24-26).

Најдобар поентер во нашиот табор беше Никола Ѓоргиев со 24 поени, додека Александар Љафтов имаше 17 поени.

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, откако успешно ја поминаа четиримесечната обуката во Општинската организација на Црвен крст во Струмица.

Петнаесетте лица кои ги посетуваа субвенционираните обуки преку Агенцијата за вработување и лицата кои ги следеа обуките преку Општинската организација на Црвен крст, ќе имат можност да ги дават своите услуги на телесни инвалиди и слепи лица.

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверојатно подметнат од непознат сторител, информираат за „Мета.мк“ од струмичката инспекција. Пожарот почнал во близина на работилницата за производство на вар, позната по тоа што со години енормно ја загадува животната средина во струмичко и за која известуваа и странски медиуми, како германската телевизија АРД. Пожарот, за кој се претпоставува дека е подметнат, по интервенцијата на Противпожарната служба од Струмица е изгаснат во текот на попладневните часови.

Според постојниот закон за управување со отпад горењето на автомобилски гуми е забрането, информира Микица Чавдарова, овластен инспектор за животна средина на Општина Струмица. Таа за „Мета.мк“ потврди дека неделниот инцидент е пожар, но дека работилницата за изработка на вар е познат и долгогодишен загадувач на воздухот бидејќи со децении користи стари гуми во печката за правење вар како ефтино гориво и како замена за многу поголеми количества дрво, кое чини многу поскапо.

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Според мерењата што ги врши државната мерна станица во Струмица, во периодот од 1 до 16 септември секојдневно се регистрира благо зголемено присуството на ПМ10 честичките од околу 80 мг на кубен метар, а на 6 септември биле регистрирани рекордни 465 мг на кубен метар.

Поради дефект на водоводната мрежа, во прекин е водоснабдувањето на улиците „Герас Цунев”, „Кочо Рацин“ и „Боро Џони“ во градот Струмица – информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Екипа на Одделението „Водовод и канализација” е на терен и работи на отстранување на дефектот. Се очекува нормализирање на водоснабдувањето до 12:00 часот.

Репрезентација на Македонија ја освоија првата победа во историјата на Европските првенства. Вечерва во Љубљана, Македонија предводена од најдобрите одбојкари од Струмица во тешка борба ја победија Белорисија со 3:1 во сетови (25-23, 19-25, 27-29, 20-25).

Феноменална партија имаше Никола Ѓоргиев со 37 поени, Љафтов имаше 16, Милев 8, Маџунков 7, Николов 6, а Деспотовски два поени.

Публиката во салата во мал број, но ги имаше Македонците, а поголемиот број беа струмичани… и во самата репрезентација доминираат струмичани, деветмина од 15-те репрезентативци.

Следниот натпревар за нашиот национален тим е утре попладне, од 17:30 часот против домаќинот Словенија, кој воедно е последен и од првата групна фаза на Европскиот собир за Македонија.

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Струмица. Пожарот околу 23:00 часот е изгаснат. Четири пожарникари и едно противпожарно возило учествуваа во гасењето на пожарот.

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е токму таа, од сега ќе се вика стадион „Благој Истатов“.

Новото име официјално ќе биде промовирано на денот на годишнината од смртта на легендата на мекедонскиот фубал, Благој Истанов, 27 септември.

„Претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков - Пинда донесе одлука, денеска, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК Беласица и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица“ – стои во објавата на Фејсбук.

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крст во Струмица организираше Показна вежба за евакуација и спасување од возила при сообраќајна несреќа.

Младите волонтери  демонстираа како треба да се даде прва помош на повредени во сообраќајна несреќа и упатија порака дека секој треба да знае да помогне, бидејќи во такви ситуации може секој да се најде.

Во вежбата се вклучија и пожарникарите. Тие интервенираа при извлекување на повредени од моторно возило каде волонтерите од Црвен крст ги мобилизираа младите лица. Пожарникарите користеа опрема за сечење на возилата за побезбедно да се извлечат повредените, а екипи на Брза помош постојано ги транспортираа повредените.

„Вежбата има за цел да упати порака до сите граѓани да имат елементарни познавања како да пружат помош на повредени при сообраќајќи, но и да ја зајакне координацијата меѓу институциите при елементарни непогоди, односно како сите заеднички да дејствуваат. Досега над 110 лица од Струмица ги освежија своите знаења како да пружат прва помош, но ние како општинска организација и понатаму ќе даваме бесплатни часови за прва помош“ - вели Маријана Тошева од ОО на Црвен крст во Струмица.

Вкупно 60 претставници од пет инситуции РЦУК, ДЗС, ТППЕ, Брза помош и СВР Струмица, учествуваа во вежбата која половина час го блокираше центарот на Струмица, каде голем број граѓани ги гледеа растрчаните волонтери, пожарникари, доктори.

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми.

Тројца пожарникари со едно противпожарно возило учествуваа во гасењето на пожарот, кој е изгаснат околу 17:30 часот. Дополнително ќе се утврдува како се запалени големиот број на складирани гуми.

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно возило и дел од кровна конструкција.

Седум пожарникари со три противпожарни возила интервенираа во гасењето на пожарот. Благодарение на брзата интервенција спречено е ширење кон соседните простории. Пожарот е целосно изгаснат, направена е голема материјална штета.

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас со Бугарија.

Четири пожарникари интервенираа во гасењето на пожарот кој зафати нискостеблеста шума, но поради опасноста од експлозија на експлозивни средства кои ги има на теренот, пожарникарите се повлечени. Пожарот се уште е активен.

Пожарникарите од Струмица денеска интервенираа и во атарот на селото Добрашинци, општина Василево, каде гореше сува трева и грмушки. Пожарот е локализиран и ликвидиран.

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден при обид да ја земе секирата. Укажана му е медицинска помош во Струмичката болница, а другиот брат е приведен во Полициската станица во Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогата во претставата „Аудиенција“, работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Дражен Ференчина.

Веќе деветта година Новата Европска театарска Асоцијација – НЕТА, доделува награди на овој меѓународен фестивал, кој по 27 пат се одржа во Струмица.

Синоќа на затворањето на фестивалот жирито ги додели наградите на Новата Европска театарска Асоцијација - НЕТА:

Награда за „сценски продуктивно преточување“ на прозното дело „Сонот на чичкото“ на Достоевски во жанрот комедија, на претставата „Убавицата и принцот“ во продукција на драмско куклениот театар од Враца, Бугарија, во режија на Николај Полјаков.

Награда за „супериорна партнерска игра“ на претставата „Аудиенција“, работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Драган Форенчина, а во продукција на театарот од Вировитица, Хрватска.

Награда за „актерската инвентивност и посветеност во остварувањето на режисерскиот концепт“ на претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во продукција на театарот од Охрид.

Награда за „ангажиран театарски пристап во третирањето на актуелни еколошки теми“ на претставата „Шепоти од вода“, текст Горјан Mилошевски, режија Срѓан Јанаќиевиќ, продукција на НТ „Антон Панов“ Струмица.

Награда за „истражување на тајните на актерското мајсторство“ на перформансот „Актер - човек“, авторски проект на Теа Беговска.

Награда за „севкупно уметничко остварување“ на претставата „Семејни приказни“ од Биљана Србљановиќ, во режија на  Милош Андонвски, продукција на НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Награда за „млада актер“ на Александра Михајловска, за улогата во претставата „Недоразбирање“, од Алберт Ками, режија Драгана Таневска, а во продукција на Народниот театар од Куманово.

Награда за „впечатливо актерско остварување“ на Марија Стефановска и Здравко Стојмиров, за улогите во претставата „Мис на предградие“, во режија на Ник Апер, продукција Мал драмски театар од Битола.

Награда за „експресивно актерско остварување“ на Жарко Димовски, за улогата во претставата „Мечка“, од Чехов, во режија на Димче Николовски, продукција на Театар „Комедија“ од Скопје.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Модерното и напредно образование, кое ги следи потребите на децата и нивниот развој е круцијално важен сегмент за развојот на децата и за нивните перспективи за иднината.

Воведувањето на технологијата во едукацијата на децата и користењето на истата во правилна насока, е многу важен елемент во едуцирањето на новите генерации на деца, кои живеат во свет со брз технолошки развој.

Од овој Септември, во Скопје и Струмица се отвори уникатно училиште за програмирање и роботика за деца од 5 до 19 години Key Code Education. Уникатноста на оваа училиште е во нивниот совршен едукативен концепт врз база на кој се направени Key Code програмите. Key Code едукативниот концепт го прави часот магичен, правејќи неверојатен спој на наука, уметност и технологија. На часовите се учи преку работа на реални проекти, а самите содржини во програмите, по кои се работат проектите се од областа на сите природни науки: физика, хемија, биологија, математика, механика, електроника итн. Истите овие проекти се преточуваат и во дигитални проекти, со што децата учат програмирање, а и проектите се автоматизираат, при што децата учат роботика.

Key Code е единствен едукативен концепт во кој децата учат применето програмирање и роботика. Сите наставни единици во Key Code програмите за програмирање и роботика за деца, се поврзани со нивна практична примена во реалниот свет, во индустријата, науката и технологијата.

Уникатноста на Key Codе едукативниот концепт се должи на посебниот пристап, методологија, техники на едуцирање и активностите кои ги користат специјално обучените учители.

Децата на часовите се постојано активни и вклучени во сите процеси. Работат во инспиративна средина каде што постојано се генерираат нови идеи, се решаваат проблеми, се експериментира, пробува нови работи, истражува и создава креативни решенија.

Специјално обучените учители, преку посебни техники и методи, освен што им го пренесуваат знањето на децата на ефективен и разбирлив начин, имаат за цел да го поттикнат и стимулираат интелектуалниот развој на децата и развојот на животни вештини.

Преку Key Code едукативниот концепт децата покрај тоа што равиваат технички вештини, развиваат и интелектуални вештини и тоа: логичко размислување, резонирање, брзо носење одлуки, решавање на проблеми, креативно размислување и иновативност во создавањето на нови идеи и решенија.

Со Key Code едукацијата, деца се трансформираат од пасивни корисници на телефоните и комјутерите, во активни креатори, кои создаваат најразлични апликативни решенија. На тој начин децата стекнуваа знаење и вештини кои ќе им бидам многу потребни и корисни во иднината, како за интелектуален развој, така и за раст и развој во кариерата и професијата која ќе ја изберат.

Уписите се во тек!

Повеќе информации на: 071 242 476

Актерот од театарот на Вировитица, Хрватска, Драшко Зидар ја понесе наградата за високо актерско остварување на 27-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој заврши синоќа во Струмица. Зидар наградата ја доби за улогата на Сладек во претставата „Аудиенција“, работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Дражен Ференчина.

За наградата „Ристо Шишков“ одлучуваше меѓународното жири: Благоја Чоревски (Македонија), Никола Вандов (Бугарија) и Драган Јаковљевиќ (Србија). Претседателот на жирито, Чоревски вели дека одлуката била едногласна.

„Единствената награда „Ристо Шишков“ му ја доделивме на Драшко Зидар. На сцената се двајца актери, но, Драшко беше мајстор надополнуван од неговиот колега. Мајсторски ја одигра улогата, а тоа е приближно до она што беше бардот и генијот на македонскиот театар, Ристо Шишков“ – кажа Чоревски во изјава за медиумите по доделување на наградата која дополнително ќе му биде врачена на годинашниот лауреат Драшко Зидар.

ФОТОГАЛЕРИЈА