Да му помогнеме на младиот струмичанец Петар Попов, кој боледува од Неоплазма на бронхии со метастаза на мозок. Потребни се финансиски средства за лекување на Петар...

Сите граѓани и компании кои сакаат да ја покажат својата хуманост можат да донираат на следните сметки:

210-5016594468.52 НЛБ Банка

и девизна сметка за донирање од странство:

IBAN code МК07210501659446852

на име Добрица Попова.

online ДОНАЦИЈА на следниот линк >>>

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000", која ќе се одржи во сабота, 17 октомври во неколку градови во државата, меѓу кои и во Струмица

„Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук“ – велат организаторите.

Одбојкарите на „Џио Струмица“ попладнево го одиграа првиот натпревар од новата одбојкарска сезона 2020/2021. На гости во Спортската сала „Парк“ им беа одбојкарите на ОК „Лирија“ од Жеровјане, Тетово. Струмичани ги победија гостите со 3:0 во сетови (25:19, 25:11, 25:13).

МВР информира дека вчера околу 16:30 часот на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „Опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од Просениково, струмичко.

Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека денеска направија есенско хортикултурно уредување на просторот околу палмите на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

Со отстранувањето на старите летни цвеќиња и посадување на нови хризантеми во разни бои, средниот дел на булеварот добива нов поубав и посвеж изглед по кој е познат како еден од најубаво уредените булевари низ државата.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 од кои 277 се во Скопје, а 30 новозаболени во Струмица.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Како што соопштуваат од кабинетот на градоначалникот, на средбата се разговарало за повеќе актуелни состојби и предизвиците што тие ги носат, а пред кои се наоѓаме, како и за соработката на повеќе нивоа во општина Струмица.

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 15 октомври) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите кои се напојуваат од Трафостаницата „Печатница“, односно од кружен тек на излезот од Струмица кон Радовиш.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 2441 тестирања, регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје – 249 лица, следува Струмица со 36 нови случаи.

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 13 октомври), од 15:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе останат: зградите на раскрсницата со улиците „Благој Јанков Мучето“ и „Сандо Масев“, односно ТТК Банка, поранешна сендвичара „Кинг“, Експрес радио, станарите во зградата спроти малиот Градски парк, ТА „Нова  Травел“ и „Амано Паста бар“ во Струмица.

Во последните 24 часа направени се 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи. Струмица денеска не е на листата на нови случаи. Тројца пациети починале, еден и во Струмица на возраст од 68 години. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од кои и шестмина во Струмица.

ЕВН Македонија информира дека во моментот без напојување со електрична енергија се населените места во струмичкиот регион: Сушица, Коњарево, Дражево, Смолари, Самоилово, Ново Село, Костурино, Попчево, Водоча, Мошков мост, Куклиш, Банско и Белотино.

Во последните 24 часа направени се 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 8 новозаболени, а 5 оздравени од вкупно 107 пациенти. Починале 5 лица, еден и од Струмица на возраст од 87 години.

Портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска информира дека вчера од страна на лекар во Итната медицинска помош во Струмица е пријавено дека во болницата е донесена девојка на возраст од 18 години од селото Баница, струмичко, без знаци на живот. Според кажувањата на семејството, починала од струен удар.

Од синоќа во Струмица е отворен нов специјализиран ресторан за италијански специјалитети „Amano Pasta bar“, кој се наоѓа во близина на општинската зграда, спроти малиот Градски парк.

Мајстор-шефот на ресторанот, Благој Андонов, своето искуство од гастрономското студирање во Италија, од сега преку „Amano Pasta bar“, во Струмица ќе ја пренесе разновидната и неверојатно вкусна кујна од земјата, синоним за одлична и вкусна храна.

На 11-ти октомври во далечната 1991 година во Струмица се појави првата локална телевизија, ТВ канал ВИС, која денеска полни 29 години и со професионален пристап и постојана потрага по вистината го издигна локалното новинарство на едно повисоко ниво.

Телевизија ВИС почна како ентузијастички проект на младите струмичани Васе Пиперевалиев и Илија Патаров, а на којшто за неколку месеци им се придружи и Јанко Мицев.

Од првите вработени во телевизијата меѓу кои, Ѓорги Калајџиев, Наско Митров, Тане Коџабашиев, Сузана Тасева, Љупчо Атанасов, Ване Арапов, Мите Трајков, Крсте Христов, Боби Николиќ, Никола Гидалов, Борче Стојанов, Душко Трајанов, Тиме Панчуров, низ годините овде работеле преку 100 врвни телевизиски работници коишто оставиле печат врз медиумскиот и општествениот живот на градот.

На екраните се уште се гледаат некои од успешните емисии и проекти на Десанка Кацарска, Лидија Дикова Андонова, Сашко Попов, Јулија Граматикова, Даниел Ѓоргиев, но и на бројни хонорарни соработници како Бранко Бенинов, Лазо Илиески, Горан Енимитев, Јани Бојаџи, Ристо Вучков и други.

Некогашната локална телевизија во прв момент зрачела само на територијата на градот Струмица, додека подоцна и во целиот струмички регион.