Хрватскиот гитарист со македонско потекло Андреј Грозданов со концерт во Струмица

Петок, 08 Ноември 2019

Хрватскиот гитарист, Андреј Грозданов, кој е со македонско потекло, утре (сабота, 9 ноември), во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе одржи концерт насловен „Gospel on Guitar“.

Грозданов е еден од најпознатите гитаристи во Хрватска, кој имал соработка со познати светски музичари меѓу кои е и Влатко Стефановски.

На концертот, струмичани ќе имат можност да го слушнат репертоарот од неговиот најпродаван албум, кој е обработка на познати госпел песни.

Гости на концертот на Андреј Грозданов со својот инструмент ќе бидат, професорот Васко Пиличев, како и младиот гитарист од Струмица, Таќи Дробаров.

Инаку, Андреј Грозданов има издадено голем број албуми, а има учено и свирено со голем број светски познати гитаристи. Ментор за гитара му бил ексцентричниот англиски виртуоз на гитара Pete Langman – долгогодишен колумнист на магазинот „Guitar Player”, додека другите учители му биле: John Abercrombie, Frank Gambale, Michael Angelo, Hugh Burns (George Michael), Pierre Bensusan i Eric Roche. Како гитарист на современата христијанска музика, тој сними над 200 песни на албуми, изведби во живо и студиски снимки, а со своето меѓународно искуство овозможи да се развие овој жанр во Хрватска. Оставајќи вистински белег како еден од пионирите во оваа област. Андреј често соработувал со добитниците на греми наградите во ЦЦМ жанрот како што се Hillsong, Matt Redman, Delirious, Michael W. Smith, London Community Gospel Choir и многу други, а на својот последен албум свиреше со: Philom Keaggyem, Влатко Стефановски, Martinom Morom и Johnom Stowellom.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...