Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на: 070/390-644.

Се бара девојка/момче за работа во кафетерија „Мјау Мјау“ во Струмица. Повеќе информации на: 075/518-653.

Се бара девојка за работа на бензинска станица во Струмица. Плата и услови одлични. Подетални информации и пријавување на: 072/249-144 или преку емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување дете на возраст од 3 години. Пријавување и повеќе информации на: 071/239-003.

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од продавачка со работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 071/239-003 или на Фејсбук профилот, како и директно во бутикот во периодот од 10:00 до 13:00 часот.

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 400.

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-335.

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри со работно искуство. Подетални информации и пријавување на: 075/499-188.

За оние што имаат искуство во фризерскиот занает, а во овие тешки услови не сакаат да ризикуваат да отпочнат самостојно со отворање на фризерски салон, еве можност за да заработуваат без ризик.

Опремено фризерско-козметичко студио кое се наоѓа во центарот на Струмица бара партнер кој ќе ги дели сите трошоци на половина 50%. Телефон за контакт: 075/425-873.

Денеска се игра комплетното 32 коло во Првата македонска фудбалска лига. „Академија Пандев“ на гости кај „Силекс“, која се бори за опстанок, како и „Беласица“, која на стадионот „Младост“ ја пречекува екипата на „Македонија ЃП“. Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, вечерва од 19:30 часот во Ноќниот клуб „Платинум“ ќе го одбележи јубилејот 10 години постоење и активно работење, како и успешната соработка со ОО на Црвен крст Струмица.

Роденденска забава, вака е замислено ова јубилејно одбележување на „Вера“ со настап на хорот од Музичкото училиште „Боро Џони“, волонтерите од струмичкиот Црвен крст, видео презентација за активностите на оваа Здружение во изминатите 10 години и соработката со Црвениот крст, а тука е и роденденската торта.

Вторник, 30 април | 19:30 часот | Ноќен клуб „Платинум“ Струмица

Финалето на Купот на Македонија меѓу ФК „Македонија Ѓорче Петров“ и ФК „Академија Пандев“ ќе се одигра на 22 мај на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:30 часот. Ова го соопшти Фудбалската федерација на Македонија, што значи борбата за пехарот се враќа во Скопје со оглед на тоа што изминатите две години Струмица беше домаќин на завршницата.

Ова за „Македонија ЃП“ ќе биде трето финале, во првото во 2006 година триумфираше против Шкендија, додека во 2009 загуби од Работнички. За струмичани ова ќе биде прва борба за пехарот.