Во рамките на акцијата „Недела на солидарноста“ организацијата на Црвен крст - Струмица во соработка со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, како и „Сите сити“ од Скопје, организира хуманитарна собирна акција во храна на ден 16 април (вторник).

Сите граѓани кои ја поддржуваат акцијата и сакат да донираат прехранбени артикли можат истата да ја достават на 2 пункта во градот Струмица и тоа пункт 1 пред маркетот „Здравец“ до поштата и пункт 2 на булевар „Маршал Тито“ помеѓу маркетите „Тинекс“ и „Црвена Ружа“, во периодот од 10:00 до 18:00 часот.
Организаторите ги потсетува граѓаните што ќе донираат прехранбени артикли, истите да бидат од карактер на конзервирана храна, тестенини, брашно, зејтин, грав, ориз, шеќер и слично, односно со подолг рок на траење.

Собраната помош ќе биде поделена на лица и семејства од социјален карактер од струмичкиот регион.

Промоција на првото издание на списанието за наука, литература, култура и уметност „ЗЕНИТ“, во издание на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица.

Понеделник, 10 декември | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица

(Недела, 9-ти декември 2018 година), во 20:00 часот во малата сала на НУЦК „Антон Панов“ ќе биде изведена премиерата „Сонцето на Царевите кули“ од Бранко Бенинов.

(Сабота, 8 декември 2018 година) Вечерва во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи промоција на Македонски епски народни песни од Струмица и струмичко - „Турунџула Каравлашки“ од Иван Котев.

Во организација на КК „Ветерани“ од Струмица денеска и утре (сабота и недела), во салата на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, ќе се одржи меѓународен кошаркарски турнир за ветерани.

На турнирот покрај домаќинот учествуваат и ветераните на „Волос“ од Грција, „Варна“ од Бугарија и „Лесковац“ од Србија.

Во пресрет на патрониот празник на градот Струмица, од денеска до недела во хотелот „Сириус“ во Струмица ќесе одржи Научен собир „Култот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во средновековната и во поновата епоха-историја, култура и традиција“.

Со реферати ќе се претстават повеќе еминентни професори и научници од македонските универзитети и факултети, МАНУ, Институтот за национална историја, институции и државни органи.

Свеченото отворање на Научниот собир е денеска во 14:00 часот, а затворањето е во недела во 12:00 часот.

Во недела во Хотел „Тивериопол“ во Струмица ќе се одржи традиционалната манифестација „Етно Вешта жена 2018“. Влезници по цена од 400 денари (со вклучена вечера), ќе може да резервирате кај Виолета на: 078/603-410 и кај Илинка на: 075/918-126.

На 1 декември 2018 година (сабота), во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица со почеток во 19:00 часот ќе се одржи пригодна Академија во чест на новооснованата Епархија.

На 2 декември 2018 година (недела), во 09:00 часот ќе се служи Света Архиерејска литургија во Катедралната црква која ќе ја предводи Неговата Еминенција кардинал Леонардо Сандри, Префект на Конгрегацијата за Источните цркви во Рим.При оваа пригода ќе бидат прочитани Декретите од Светиот Отец Папа за основањето на Епархијата и првиот Епархиски епископ и неговото устоличување.

Недела, 25 ноември | 12:00 часот | Центар за култура „Антон Панов“ Струмица

Во недела, (25 ноември), со почеток од 12:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе биде изведена театарската претстава за деца „Дружината на Лајко Сезнајко“.

Влезот на претставата чини 100 денари, а парите од билетите ќе бидат донирани за лекување на 7-годишната Нина Димитриевска од Струмица.

Автор на претставата е Никола Сарајлија, а улогите ги играт: Јулија Милкова, Анкица Бенинова и Ванчо Василев. Режија: Јулија Милкова.

Недела, 2 декември | 16:00 часот | Хотел „Вила Парк“ Струмица

Пред една година имавме ревија, која ја организираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, каде нашите „мачиња колачиња“, (лицата со Даунов синдром и попреченост), се шетаа на модната писта со познати ликови од Македонија. Оваа година повторно на 2 декември...

25 модели, придружени со познати личности, но оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на нашите модели. Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе „ѕенѕаат“ на музиката.

Модната ревија е од хуманитарен карактер. Ќе има кутија за донација, каде секој посетител во рамките на можностите ќе може да донира...

17-ти „Средби под јаворите - Видое Подгорец“ ќе се одржат на 16 и 17 ноември (петок и сабота), во Струмица и Колешино. Свеченото отворање е во петок во 18:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.