Во недела во Хотел „Тивериопол“ во Струмица ќе се одржи традиционалната манифестација „Етно Вешта жена 2018“. Влезници по цена од 400 денари (со вклучена вечера), ќе може да резервирате кај Виолета на: 078/603-410 и кај Илинка на: 075/918-126.

На 1 декември 2018 година (сабота), во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица со почеток во 19:00 часот ќе се одржи пригодна Академија во чест на новооснованата Епархија.

На 2 декември 2018 година (недела), во 09:00 часот ќе се служи Света Архиерејска литургија во Катедралната црква која ќе ја предводи Неговата Еминенција кардинал Леонардо Сандри, Префект на Конгрегацијата за Источните цркви во Рим.При оваа пригода ќе бидат прочитани Декретите од Светиот Отец Папа за основањето на Епархијата и првиот Епархиски епископ и неговото устоличување.

Недела, 25 ноември | 12:00 часот | Центар за култура „Антон Панов“ Струмица

Во недела, (25 ноември), со почеток од 12:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе биде изведена театарската претстава за деца „Дружината на Лајко Сезнајко“.

Влезот на претставата чини 100 денари, а парите од билетите ќе бидат донирани за лекување на 7-годишната Нина Димитриевска од Струмица.

Автор на претставата е Никола Сарајлија, а улогите ги играт: Јулија Милкова, Анкица Бенинова и Ванчо Василев. Режија: Јулија Милкова.

Недела, 2 декември | 16:00 часот | Хотел „Вила Парк“ Струмица

Пред една година имавме ревија, која ја организираше Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „ВЕРА“ од Струмица, каде нашите „мачиња колачиња“, (лицата со Даунов синдром и попреченост), се шетаа на модната писта со познати ликови од Македонија. Оваа година повторно на 2 декември...

25 модели, придружени со познати личности, но оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на нашите модели. Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе „ѕенѕаат“ на музиката.

Модната ревија е од хуманитарен карактер. Ќе има кутија за донација, каде секој посетител во рамките на можностите ќе може да донира...

17-ти „Средби под јаворите - Видое Подгорец“ ќе се одржат на 16 и 17 ноември (петок и сабота), во Струмица и Колешино. Свеченото отворање е во петок во 18:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Младите момчиња на РК „Астраион“ од Струмица влегуваат со улогата на фаворити за освојување на нови бодови. Тие вечерва од 19:00 часот во Спортската сала „Парк“ се домаќини на „Македонија Ѓорче Петров“, а тоа е директен дуел за пласман во плеј-офот.

Недела, 4 ноември | 19:00 часот | Спортска сала „Парк“ | Влез слободен

Во недела над селото Смолари ќе се одржи традиционалниот Фестивал на Смоларскиот костен - „Смоларски костен 2018“, популарно познат како „Костенијада“...

Утре во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12:30 часот, Здружението за култура и развој на креативните индустрии Култ-Транзен од Струмица ќе го помовира Планот за развој на креативните индустрии на локално ниво и ќе даде осврт на исполнителноста на локалната стратегија за култура и препораки за итно исполнување на некои од активностите зацртани според Акцискиот план на локалната стратегија за култура 2017-2022 година, посебно во делот на развојот на креативните индустрии.

Оваа промоција е во рамките на проектот „Развој на креативната економија во општина Струмица“, регрантиран преку проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Преда Плус и Arbeiter-Samariter-Bund.

Вечерва со почеток во 22:00 часот, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2018“, покрај езерцето во големиот парк во Струмица ќе се одржи „Вечер на поезија“ со македонскиот поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач, Лидија Димовска.

Катерина Панова Кожарова, Сузана Мицева и Мариета Дукиќ ќе читат дел од нејзиното богато творештво (Огнот на буквите, Изгризани нокти, Нобел против Нобел, Црно на бело)...

Промоција на монографијата „ОД ПОРТИТЕ НА ПЕКОЛОТ ДО ПАТОТ КОН НЕБИДНИЦАТА" од м-р Благој Стојанов. Монографијата го актуализира егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија за време на Балканските војни и Граѓанската војна во Грција, но, истовремено, преставува и своевиден историјат на Здружението на бежанците, бегалците и децата на бегалците „Незаборав" од Струмица.

Понеделник, 9 јули | 20:30 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица

Во петок, 18 мај со почеток во 12:00 часот во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица ќе биде отворена обновената музејска поставка „Струмица и струмичко низ историјата“.