Кои се најдобрите спортисти на Струмица за 2018-та - „Избор на спортист“

Сабота, 26 Јануари 2019

Струмица ги избра најдобрите спортисти за 2018-та година на традиционалната манифестација „Спортист на годината“, која се одржа синоќа во хотелот „Студио ИН“ во Струмица.

Одбојкарот Васе Михаилов од ОК „Џио Струмица“ е најдобриот спортист за изминатата година во сениорска конкуренција.

Според резултатите на комисијата составена од спортски работници и спортски новинари, второто место го освои Викторија Панчурова од ЖФК „Тиверија“ Струмица, додека на третото место е Пепи Велков од Кик бокс клубот „Тим Зоран“ Струмица.

Одбојкарскиот клуб „Џио Струмица“ е најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција. Втори се ЖФК „Тиверија“, додека третото место со ист број на поени го делат ФК „Академија Пандев“ и ФК „Беласица“.

Најдобар тренер е Кире Ричлиев од ОК „Џио Струмица“. Зад него е Југослав Тренчовски од „Академија Пандев“, а третото место го поделија Зоран Спасов од Кик бокс клубот „Тим Зоран“ и Славе Велков од ЖФК „Тиверија“.

За најдобра спортска екипа во младинска конкуренција е прогласена екипата на ФК „Тиверија“ (кадетки/младинки), втори се ОК „Наковски Волеј“ (младинки), а третото место го поделија екипите ОК „Виктори Волеј“ (кадетки) и ОК „Џио Струмица“ (младинци).

Најдобар млад спортист е Димитар Витанов, втора е Билјана Панеска од „Тиверија“, а трета Ана Фасуљева од „Наковски Волеј“.

Кај тренерите во младинска категорија, најдобра е Александра Ристовска од ЖФК „Тиверија“, втор е Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“, а третото место го поделија тренерите Атанас Василев од Карате клуб „Шихан“ и Елена Илков од ОК „Виктори Волеј.

Наградите на најдобрите во спортот, во отсуство на градоначалникот им ги доделија секретарот на општината Александар Оџаков и членови на Советот на општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар кај Валандовско брдо

Пожар кај Валандовско брдо

Сеп 15, 2019 Вести

Вечерва околу 21:00 часот избувнал пожар кај Валандовско брдо, гореше поголема површина со сува трева и нискостеблеста шума – информираат од ТППЕ Стру...

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се вика „Благој Истатов“

Пинда го смени името на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе …

Сеп 15, 2019 Вести

Струмичкиот ФК „Беласица“ вечерва на социјалните мрежи излезе со соопштение дека градскиот фудбалски стадион „Младост“ во Струмица, чиј концесионер е ...

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Пожар кај Костурино, гореа складирани стари гуми

Сеп 15, 2019 Вести

Попладнево околу 15:30 часот Противпожарната единица на Струмица интервенираше во близина на Костурино каде гореа околу 300 стари гуми. Тројца пожарн...

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Гореше товарно возило паркирано во магацин

Сеп 15, 2019 Вести

Во раните утрински часови, околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, во близина на Фабриката „Еленица“, во магацин се запали товарно воз...

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Со показна вежба одбележан Светскиот ден на првата помош

Сеп 14, 2019 Вести

По повод Светскиот ден на првата помош, 14-ти септември, а во рамките на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Општинската организација на Црвен крс...

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повлекоа поради опасноста од експлозиви

Пожар на граничниот појас со Бугарија, пожарникарите се повл…

Сеп 13, 2019 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека од попладнево има пожар во близина на селото Самоилово, општина Ново Село, во граничниот појас...

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел да го нападне братот со секира

Приведено лице во Полициска станица во Струмица, се обидел д…

Сеп 13, 2019 Вести

СВР Струмица информира дека вчера лицето Т.М. од Баница, со секира се обидел да го нападне својот брат Д.М. од истото село. Еден од браќата е повреден...

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

НЕТА: Најдобрите од ФКТ „Ристо Шишков 2019“

Сеп 13, 2019 Вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ единствената награда за високо актерско достигнување ја додели на хрватскиот актер Драшко Зидар, за улогат...