Со пари од ЕУ, Општина Струмица ќе набави специјално возило за заштита од пожари и поплави

Вторник, 22 Септември 2020

Повеќенаменско возило со голема проодност за реакција при пожари и поплави со цел да се заштити населението и спречување на ризиците и ублажат последиците од природни катастрофи и непогоди, ќе набави општината Струмица преку проект за прекугранична соработка со соседна Бугарија. Ова го најави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, презентирајќи го проектот „Заштита на локалното население од општините Струмица и Петрич, Бугарија од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“, а финансиран од ЕУ.

„Сведоци сме дека во последните децении се повеќе ги чувствуваме негативните последици од климатските промени врз животната средина. Општина Струмица се соочува со сериозни предизвици за прилагодување и ублажување на последиците врз природата, но и човековото здравје и безбедноста. Во услови на отежнато справување со природни непогоди, ја препознавме потребата од соодветно институционално опремување, подигање на свеста кај луѓето и јакнење на капацитетите на општината и Територијалната професионална противпожарна единица при општина Струмица’’, кажа градоначалникот Коста Јаневски.

Ова специјално возило кое е со два модула за поплави и шумски пожари чини околу 120.000 евра. При интервенции за поплави истото ќе биде опремено со генератор за електрична енергија, подвижен осветлувачки јарбол, потопна и пливачка водна пумпа, но и пумпа за отпад, чамец на надувување, пливачко јаже, а ќе има и елеци за спасување, одела, црева, светилки. При интервенција на шумски пожар, возилото ќе има систем за гасење со екстремно висок притисок, преносна пумпа за вода, моторна пила, заштитни одела, чизми и противпожарни палки.

Овој заеднички проект на општините Струмица и Петрич чини околу 400.000 евра обезбедени од ЕУ, а освен набавка на возила, односно модуларни системи за реакција, се планираат спроведување обуки за користење на опремата, вмрежување и размена на искуства во областа на превенција на ризик и заштита на населението во кризни ситуации, а како што најави градоначалникот Јаневски, ќе биде изработена и едукативна книга за реакција во кризни ситуации наменета за учениците од основните училишта.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

    """""""""""""""""""""""""""""""""""""

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациенти

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациент…

Окт 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2748 тестирања, регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 420, во Струмица 30 новозаболени. Починале...

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респиратори од донацијата на НАТО

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респи…

Окт 30, 2020 Вести

Шеесет респиратори, во вредност од 1.4 милиони евра денеска стигнаа во земјава, како донација од НАТО Доверителниот фонд. Министерот за здравство, Вен...

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...