Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Среда, 28 Октомври 2020

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка нема да важи:

  • при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;
  • при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
  • при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  • ако лицето е помладо од 6-годишна возраст (дете); и
  • ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Законот ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за коронавирус КОВИД-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено), во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од КОВИД-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од КОВИД-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од КОВИД-19, по претходно дадена согласност од Министерството за здравство, лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за работа

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за работа

Ное 29, 2020 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за работа. Пријавување на 071/239-040, преку Instagram профилот или директно во бутикот кој се наоѓа на...

Tројца жители на Струмица починаа, 26 се новозаразени, а 19 се евидентирани како оздравени пациенти

Tројца жители на Струмица починаа, 26 се новозаразени, а 19 …

Ное 28, 2020 Вести

Tројца жители на Струмица, на возраст од 63, 70 и 78 години починаа како последица на коронавирусот. Во изминатите 24 часа во цела држава починале 41 ...

Почина струмичанецот Кирил Лазаров, еден од најплодните македонски композитори

Почина струмичанецот Кирил Лазаров, еден од најплодните маке…

Ное 27, 2020 Вести

Денеска на 78 години почина Кирил Лазаров од Струмица, еден од најплодните композитори на македонски забавни и новосоздадени песни. Кирил Лазаров е р...

Прекин на електричната енергија во центарот на градот Струмица

Прекин на електричната енергија во центарот на градот Струми…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени две лица

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска околу 11:00 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица – Баница - Вељу...

Жената под маска на плоштадот во Струмица светна во портокалова боја, како аларм за подигање на свеста за родово базирано насилство

Жената под маска на плоштадот во Струмица светна во портокал…

Ное 26, 2020 Вести

Струмица дел од акцијата „16 дена активизам против семејното насилство и насилството врз жените и децата“. Споменикот „Жена под маска“ на струмичкиот ...

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...