На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица.
Како што информира владината прес-служба, Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.
И Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ – Струмица деновиве објави повик до сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица, кој беше опожарен на 2 јануари годинава.
Како што се наведува во соопштението на здружението, паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка: 270074779880184, депонент ХАЛК Банка.
„Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини“ - стои во соопштението на здружението.
.
.
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...
Фев 25, 2021 Вести
Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...