Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите цени за погребални услуги

Петок, 16 Април 2021

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, денеска на прес конференција ги повика надлежните да интервенираат на екстремно високите цени кај операторите за погребални услуги, кои во време на пандемија достигнуваат дури до 48.000 денари за погреб.

Интегрален текст од прес конференцијата:

„Почитувани сограѓани, деновиве се покрена иницијатива за намалување на цените за лекување на болните од Ковид-19 во приватните здравствени установи. Ова иницијатива е за поздравување и, добробит за граѓаните. Меѓутоа постои уште еден проблем во здравствената криза со сличен карактер. Станува збор за високите цени на погребалните услуги. Голем број на граѓани се пожалија дека екстремните цени на овие услуги, во немил момент, ги доведува во незавидна финансиска положба.

Илустративно: Постојат семејства кои за таа услуга платиле фантастични 48.000 денари. Тажен е фактот дека во ова земја поради ковид кризата некој може да оствари профит. Поради ова предлагаме: под итно Владата и надлежните органи да најдат решение и компаниите што ја обавуваат ова дејност да понудат пониски, достапни цени. Доколку е потребно, Владата да реагира со ограничување или фиксирање на цените на одредени услуги.

Исто така, бараме надлежните институции да направат ревизија и таму каде што ќе се утврди дека е наплатено повеќе од реалното, разликата да им биде вратена на граѓаните.

Во борбата за справување со кризата мора да им се помогне на сите граѓани, а особено на оние кои директно ги претрпеа последиците“ – кажа Дрвошанов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во понеделник почнува масовна вакцинација во салата на ООУ „Никола Вапцаров“

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во п…

Мај 14, 2021 Вести

Во изминатите два работни дена, односно во среда, 12 мај и денеска, 14 мај во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица се вакцинирале 500 граѓани над 60-годиш...

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортската сала и паркот во Струмица

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортскат…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Општина Струмица информираат дека деновиве се работи на пробивање и тампонирање на улици во должина од 780 метри, кај Спортската сала „Парк“ и голе...

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Мај 14, 2021 Вести

Денеска од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13:00 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети з...

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...