Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починала, но нејзиното срце и понатаму чука во 22-годишно момче

Сабота, 17 Април 2021

Верица Белчовска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат потреба од тоа, а доцна во утринските часови веќе на 22-годишно момче му беше трансплантирано срцето во Клиниката за кардиологија, пишува порталот ММС.

Нејзиниот брат Мартин Белчовски останал да живее во Берово, додека останатите членови од неговото семејство, двете сестри Ана и Верица, таткото Кирил и мајката Душана се преселиле во Струмица, каде на 7-ми април, во самиот центар на градот, се случила трагедијата, да ја прегазат неговата сестра, движејќи се на пешачки премин.

„Јас изгубивме најмалата во семејството. На Благовец во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам, кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција“ - вели братот Мартин.

Во 03:33 часот утринава кај 22-годишно момче од тетовски зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата на Клиниката за кардиохирургија.

„Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција“, е последната информација на министерот за здравство, Венко Филипче.

Неможе да се пријавите самите

  • Извор:

    Преземено од: ММС

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во понеделник почнува масовна вакцинација во салата на ООУ „Никола Вапцаров“

Во среда и денеска вакцинирани 500 граѓани од Струмица, во п…

Мај 14, 2021 Вести

Во изминатите два работни дена, односно во среда, 12 мај и денеска, 14 мај во ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица се вакцинирале 500 граѓани над 60-годиш...

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортската сала и паркот во Струмица

Општината пробива, тампонира и асфалтира улици кај Спортскат…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Општина Струмица информираат дека деновиве се работи на пробивање и тампонирање на улици во должина од 780 метри, кај Спортската сала „Парк“ и голе...

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Мај 14, 2021 Вести

Денеска од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13:00 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети з...

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...