Струмичкиот Црвен крст го одбележа светскиот Ден на крводарителството, Божана Трајковска го доби признанието - мотиватор во крводарителството

Понеделник, 14 Јуни 2021

По повод светскиот Ден на крводарителството – 14-ти јуни, денеска во Домот на АРМ во Струмица, Општинската организација на Црвен крст – Струмица организираше свеченост на која на крводарители кои дарувале 25, 50 и 75 пати крв им доделија признанија и благодарници.

Оваа година признанието за „Мотиватор во крводарителството“ и припадна на Божана Трајковска. Божана работи и една многу хумана професија, таа е личен асистент на лица со попреченост кои се деинституционализирани од Заводот за рехабилитација - Банско. Таа вели дека крводарувањето е семејна традиција, а од неодамна и најмладиот член на нивното семејство го направил своето прво дарување на крв. Божана е поттик на многу други жени да се вклучат активно во процесот на обезбедување на резервите со крв во државата.

На свеченоста по повот Денот на крводарителството признанија им се доделија и на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, СВР Струмица, УЈП – Подрачно одделение во Струмица и Службата за трансфузиона медицина во Струмица.

Посебни благодарици им беа врачени од страна на лидерот на Клубот на млади при ОО на Црвен крст - Струмица и на петмина млади волонтери кои со своето полнолетство станаа за прв пат крводарители.

Постхумно му се додели Благодарница на Жарко Ристоманов, кој од редот на здравствените работници при ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица беше редовен мотиватор и крводарител.

Постхумно и беше доделена Благодарница и на Верица Белчовска, која на неколку дена пред немилиот настан, сообраќајката во која загина, во просториите на Црвен крст - Струмица за прв пат даруваш крв.

„Желбата да се биде крводарител беше јасно видлива кај неа и затоа ни остави длабок впечаток. Во нејзина чест на денот на нејзиниот роденден Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина Струмица ќе организираат крводарителска акција се со цел споменот за неа да не избледе и да се подига свеста за органодарителството“, кажа Маријана Тошева, секретар на ОО на Црвен крст – Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://www.strumicanet.com/index.php/vesti/10792-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD,-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD#sigProGalleriac9c3c8506d

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...