Актерот Марин Бабиќ со пријателите во Струмица одржаа несекојдневен настан

Сабота, 19 Јуни 2021

Познатиот актер Марин Бабиќ синоќа во Амфитеатарот во Струмица, како дел од Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, одржа несекојдневен настан. Со својата интерпретација на поезија ги воодушеви струмичани, потсетувајќи на романтични времиња кои денеска ретко може да се доживеат.

Два часа исполнети со љубов, музика, поезија, настан насловен „Да водиме љубов, а не војна“, преку кој се испраќаа пораки на љубов и мир како универзални вредности, насушно потребни денес.

Покрај Марин Бабиќ и неговиот долгогодишен пријател на клавијатури, Љупчо Шилоски – Шилото, настап преку изведба на познати композиции имаа и младата прилепчанка, Александра Трајческа, како и познатиот гевгеличанец, Игор Узунов. Триото „Bebuli“ составено од Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска Ристоски на флејта и Љупчо Трајаноски на виола се веќе подолго време придружба на Бабиќ во ова негово второ патување низ поемите и песните.

Познатиот водител и новинар на ТВ24, Огнен Јанески беше модератор на настанот, но и пееше руски песни, а премиерно ја изведе и „Леле да бев богат” од „Виолинист на покривот”.

Меѓу присутните кои ја имаа можноста да уживаат во овој прекрасен настан, покрај убавините на големиот Градски парк беа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и сопругата на премиерот, Зорица Заева.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...