Сведоштво за градот Струмица преточено во монографија со која ќе се расветли богатото културно-историско наследство на градот, беше промовирана синоќа во Амфитеатарот во Струмица.
„Цареви Кули – Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)“ - книга прва, произлезе од сумирањето на резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Цареви Кули над Струмица, како и кабинетските проучувања на богатата материјална граѓа, прибирани во период од 10 години.
Автор на оваа монографија е м-р Зоран Рујак, археолог и долгогодишен истражувач на локалитетот Цареви Кули. Тој синоќа најави дека се подготвува и втората книга „Цареви Кули – Струмица (Од Римското Царство до доцниот среден век)“.
„Книгата е напишана со голема љубов, пред сѐ кон градот Струмица, а потоа и кон Цареви Кули. Податоците внатре се многу битни, не само за Струмица и за Македонија, туку и за Балканот и пошироко, кои на добронамерните истражувачи на минатото ќе им бидат многу корисни“ – кажа авторот Рујак.
Во книгата има илјадници податоци за материјалната и духновната култура од бронзеното време, од железното време, раноантичкиот и хелинистичкиот период на Цареви Кули.
„Кон крајот на петтиот и почетокот на четвртиот век пред нашата ера е формирана првата населба во денешна Струмица со која владееле Филип Втори и Александар Македонски, за кои има материјални податоци“ - кажа Рујак.
За Ацо Костов, директорот на Управата за заштита на културното наследство, кој ја промовираше монографијата на Рујак, по 10 години истражување се добива една оформена идеја за Цареви Кули, што се поседува како артефакти, што како недвижен материјал, што како книжен, а завршницата треба да резултира понатаму со проекти за конзервација.
Монографијата „Цареви кули – Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)“ е во издание на НУ „Завод и Музеј“ – Струмица, а промоцијата се одржа во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...