Европското патувачко кино под отворено небо викендот во Струмица

Петок, 02 Јули 2021

Новата програма на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ насловена „Европско патувачко кино под отворено небо“, која минатиот викенд почна во Крива Паланка, овој викенд (сабота, 3 јули и недела, 4 јули), доаѓа во Струмица.

Патувачкото кино пред Домот на АРМ во Струмица ќе прикаже четири филмови. Во сабота од 21:00 часот, 19-минутен македонски филм: „Налепница“, во режија Георги Унковски, а од 21:30 часот ќе биде прикажан бугарскиот филм „Слава“.

Кратка содржина за филмот: Бугарски железничар што живее повлечен живот наоѓа милиони истурени врз пругата и ѝ ги предава на полицијата. Кога шефицата на Министерството за транспорт, Јулија Стаикова, одлучува да го искористи за пренасочување од корупцискиот скандал, неговиот едноставен живот станува жртва на бирократската мелница.

По прикажувањето на филмот „Слава“ со времетраење од 1 час и 41 минута ќе се одржи разговор со филмскиот критичар Златко Ѓелевски на тема: корупција, криза на демократиите, недостаток од емпатија и дехуманизација и невидливоста на „малиот човек“.

Во недела на истото место од 21:00 часот ќе биде прикажан краткиот македонски филм „Скопје 2020“, во режија на Радован Петровиќ, а од 21:30 часот германскиот филм „Кожурец“ со времетраење од 1 час и 39 минути.

Кратка содржина за филмот: Берлинската населба Кројзберг e микрокосмосот на Нора. Нора е тивок набљудувач, тивко присутна на забавите, во училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите „се шлае“ по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги девојчињата што сакаат да бидат витки и убави, момчињата што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Но Нора на посебен начин го набљудува светот околу себе и кога ќе ја запознае Роми, ќе сфати зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од своите кожурци. Од перспектива на главната протагонистка, филмот бележи едно лето на промени. Приказна за созревањето и сексуалното будење, урбана ЛГБТ-драма и љубовна приказна меѓу две девојки.

По прикажувањето на филмот „Кожурец“ ќе се одржи разговор со Мери Цветковска, експерт за вклучување на сексуално образование во редовно образование и координатор за млади во ХЕРА, на тема: Созревањето и хомосексуалната љубов, сексуален идентитет.

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ со „Европско патувачко кино под отворено небо“ ја стартува програмата во чест на 20-годишното постоење како заеднички проект на Делегацијата на Европска Унија и Младински културен центар.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...