Вчера, на 41-та годишнина од основањето на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, за првпат беше поставен железен мост на прочуениот локалитет Ѓаволски мост на планината Беласица.
Мостот е поставен над карпеста провалија длабока 15 метри, на надморска височина од 1.522 метри, под сртот на Беласица и е наменет за планинари, велосипедисти и спортски мотоциклисти.
После долги години и неуморни залагања, иницијативата на ПАОК „Ентузијаст“ за мост е реализирана благодарение на сесрдната поддршка од донаторот Пепи Коцев – љубител на планинарските спортови. Монтирањето го изведоа бројни членови од клубот предводени од стручни лица, со помош и на Велосипедскиот клуб „Актив“ и Мото-крос клубот „Џабл“.
Од „Ентузијаст“ велат дека ова за планинарењето се смета за историски настан затоа што после повеќе од еден век е изграден премин на Ѓаволски мост – место полно со мистика и народни верувања заради недостапноста и величествените спили.
Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година, а порано војската сè до раните 70-ти години од минатиот век го користела за гранична патрола зашто е во непосредна близина на грчката граница, но потоа се распаднал.
Отсега љубителите на Беласица ќе имаат можност да го премостат безбедно јазот на Ѓаволски мост и да се движат непречено под сртот по целата линија на планината, од запад кон исток сè до бугарската граница, што досега беше невозможно.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...