Испечатете ја страната

Познатата македонска пијанистка Даница Стојанова одржа концерт во родната Струмица

Вторник, 06 Јули 2021

Синоќа во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, во НУ Центар за култура „Антон Панов“, концерт одржа македонската пијанистака, струмичанката Даница Стојанова.

Гости на вечерта беа младите македонски виртуози на пијано, Бобан Мирковски, Нита Груби и Сара Кесковска.

Даница Стојанова е родена во Струмица каде и го завршува основното музичко образование. Продолжува во Средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, а во меѓувреме соработува со професори од Музичката академија во Белград. Потоа ги завршува студиите по пијано кај проф. Јокут Михаиловиќ и магистрира на ФМУ во Скопје. Активно учествува на интернационалните музички академии по пијано во Белгија, Русија, Бугарија, Мароко, Германија, Холандија и работи со светски познатите педагози како Жени Захариева, Акил Дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина, Хериберт Кох, како и на мастер класите по камерна музика во Суздаљ Русија, каде работи со исклучителната проф. Гајдамович, Сашико Кодама Јапонија и други.

Стојанова денес е еден од најреномираните професори по пијано и камерна музика во средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, каде постигнува високи резултати со своите ученици на државната и меѓународната сцена. Член е на жири комисии на престижните натпревари по пијано и камерна музика во регионов (Македонија, Србија, Бугарија, Косово). Држи мастер класи за пијано во Македонија, Малезија, Косово, како и стручни предавања на меѓународни фестивали (Шопен фестивал - Белград, Епта - Скопје, Шопен фестивал Куала Лумпур). Има настапувано како солист со Македонска Филхармонија и Видинска Филхармонија (Бугарија). Добитничка е на бројни награди, а од 2016 година е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски“. Пред две години, повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски доби специјално признание од Фондацијата, за посветеноста на музиката и уметноста и бројните концерти ширум светот, за промоција на творештвото на Зографски и македонското музичко творештво. Автор е на книгата „Фредерик Шопен - поет на пијаното“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...