Во петок (30 јули), од 14:00 часот на просторот кај Дом на АРМ во Струмица ќе биде отворена „pop-up продавница“, каде граѓаните ќе имат можност да видат голем број на био-базирани производи од цела Европа, но и да научат повеќе за циркуларната економија и целите на одржлив развој.
„Pop-up продавница“ ќе биде поставена во периодот од 30 јули до 8 август, во рамките на проектот BE-Rural, а се реализира од Интернационалниот центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи - Македонска секција (SDEWES - Скопје), кој е дел од проектот BE-Rural, финансиран во рамките на програмата „Хоризонт 2020“ на ЕУ.
Целта на овој проект е да го истражи потенцијалот на регионалните и локалните био-базирани економии преку поддршка на релевантните чинители за развој на стратегии за биоекономијата, како и развој на патокази и бизнис модели.
Проектот се фокусира на пет региони: Струмичкиот регион (општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село), како и Видземе и Курземе (Латвија), Ковасна (Романија), Стара Загора (Бугарија), Шчечин и Вистула Лагуна (Полска).
Меѓу останатите активности проектот цели кон размена на знаења, градење на капацитетот и подигнување на свеста за придобивките од биоекономијата преку семинари за различни целни групи, едукација на ученици преку едукативните материјали адаптирани на македонски јазик, летна школа за наставници, како и pop-up продавница.
Во рамките на „pop-up продавницата“ ќе се одржат три настани:
30.07.2021 (петок) - 19,00 часот: „Science sips - Taste the future of the bioeconomy”
31.07.2021 (сабота) - 18,00 часот: „World style Cafe”
07.08.2021 (сабота) - 18,00 часот: „Do it yourself – bio-based edition”
.
.
Авг 19, 2022 Вести
Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...
Авг 19, 2022 Вести
Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...
Авг 19, 2022 Вести
Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...
Авг 19, 2022 Вести
Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...
Авг 18, 2022 Вести
Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...
Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...
Авг 16, 2022 Вести
Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...
Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...