На влезот во големиот парк поставена е импровизирана „pop-up продавница“ со био-базирани производи од цела Европа

Петок, 30 Јули 2021

Во Струмица на просторот пред влезот на големиот Градски парк е поставена импровизирана „pop-up продавница“ каде се нудат био-базирани производи од цела Европа, храна, пијалоци, текстилни производи, обувки...

„Pop-up продавница“ ќе биде поставена до 8 август, во рамките на проектот BE-Rural, а се реализира од Интернационалниот центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи - Македонска секција (SDEWES - Скопје), кој е дел од проектот BE-Rural, финансиран во рамките на програмата „Хоризонт 2020“ на ЕУ.

„Проектот има за цел да го истражува потенцијалот на регионалните и локалните био-базирани економии преку поддршка на релевантните чинители за развој на биоекономија, како и развој на патокази и бизнис модели. Посебно е значајно за нас, дека меѓу петте европски региони е и струмичкиот како единствен од нашава земја, а останатите се од Латвија, Романија, Бугарија и Полска. Проектот предвидува уште низа активности и убеден сум дека ќе бидат успешно реализирани“ – кажа во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски кој ги поздрави гостите од Полска и Германија, како и домаќините организатори на овој настан поддржани од општината.

Меѓу останатите активности проектот цели кон размена на знаења, градење на капацитетот и подигнување на свеста за придобивките од биоекономијата преку семинари за различни целни групи, едукација на ученици преку едукативните материјали адаптирани на македонски јазик, летна школа за наставници, како и pop-up продавница.

Синоќа во прекрасниот етно амбиент на ресторан „Ројал Парк“ во Струмица се одржа презентација на храна создадена од инсекти, ларви со вкус на скара, скакулци со вкус на кари и житни плочки направени од штурци, пиво од алги, како и прибор за јадење со лушпи од какао.

„Pop-up продавницата“ од утре и во наредните денови ќе биде отворена од доцна попладне до пред полноќ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...