Испечатете ја страната

Во недела Протестен марш во Струмица за „Присилното вакцинирање и ограничување на слободата на движењето на невакцинираните граѓани“

Петок, 13 Август 2021

Во недела (15 август), од 19:00 часот на иницијатива на граѓани на Струмица ќе се организира Протестен марш низ центарот на Струмица, „за слобода и еднакви права“, кој ќе стартува од кај зградата на Противпожарната единица на Струмица до плоштадот „Гоце Делчев“.

„Како реакција на одлуката на Владата за воведување на новите мерки за заштита од Ковид-19, донесена на 07.08.2021 година, со која се загрозени правата и слободата на движење на народот, доведува до уште понагласена сегрегација, контрола и притисок во неговите одлуки во однос на вакцинирањето против ковид и има погубни ефекти врз функционирањето на бизнис-секторот, за кои сме сведоци од мерките од минатата година, ние, голем број на „се уште слободни“ граѓани, го изразуваме своето незадоволство со овој протестен марш во недела, на кој обединети вакцинирани и невакцинирани, од сите политички партии од земјава, од сите вери и религии барамe:

1. Да не се посегнува по имунизирање на децата под 18 години и од 1 септември да се вратат нормално во школските клупи;
2. Да не се прави индиректна финансиска штета на компаниите со мерките (бидејќи мерките се препишани од финансиски силни држави);
3. Инфицирани со Ковид-19 со створен природен имунитет да се третираат исто како имунизирани со вакцина;
4. Никој да не биде ставен во ситуација да прави избор помеѓу вакцина и работно место, за што апелира и Европскиот Совет, соочен со агресивното рекламирање на вакцини, маски, изолација и злоупотребата на мерките од влади и институции.

Се обраќаме кон сите оние со примена вакцина, неимунизирани и природно имунизирани (прележан ковид), доколку се согласуваат со овие точки слободно да пристапат на овој мирен протест со кој сакаме да пратиме порака до надлежните да се променат мерките во интерес и на здравјето од вирусот и на општото здравје на сите, зашто секој од нас е еднаков пред правдата и заслужува да одлучува со своја глава за себе и саканите“ – стои во соопштението на организаторите со кој се најавува овој Протестен марш во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...